(ФОТО) На цел свет му призна дека сака мажи и ожени згоден Шпанец: Рики Мартин никогаш не изгледал подобро

Популарниот пејач Рики Мартин направи вистински хаос во 90-тите години кога се појави на светската сцена толку убав и заводлив, а со своите латино хитови ја натера секоја дама да го гледа без здив.

Една деценија подоцна, убавиот Шпанец ги разби надежите на женскиот пол кажувајќи ја вистината за неговата сексуалност, а само неколку години подоцна, тој „стапна на лудиот камен“ со шведскиот сликар и уметник Јиван Јосеф.


Денес имаат четири деца и не ја кријат семејната идила од светот.

- Те сакам со целото мое срце, ме инспирираш секој ден, ти си мојата сила. Мотивирај ме да продолжам со ова. Вие сте прекрасни - им рече пејачот на сопругот и близнаците Матео и Валентина (11), притоа примајќи ја наградата за застапување на правата на ЛГБТ.

На прагот од шестата деценија, пејачот изгледа како никогаш подобро, а последните денови светска тема е дека Рики целосно го сменил изгледот така што ја обоил брадата целосно бела.

На убав човек, сè убаво му стои, тоа е дефинитивно неговата вистина.


Фото: Инстаграм

(ФОТО) Рики Мартин го смени личниот опис: Иако е геј, жените лудуваат по него