Се бараат сезонски работници од Грција до Германија: Плата до 3.000 евра, а најбарани се луѓе од овие сектори
Побарувачката за сезонска работна сила годинава почна малку порано, веќе на крајот на март, па многумина веќе подолго време се на работа, а други само ќе се упатат во соседните земји.
И покрај тоа што летната сезона туку што стартува во полн ек, работодавците од соседните простори објавија огласи за барање сезонски работници на почетокот на април.
Уште тогаш беше јасно дека платите на работниците во угостителството се нешто повисоки од лани, а истото важи и во градежништвото и трговијата.
И оваа година покажува дека сè уште нема работници во професиите со дефицит, па иако најбараниот кадар сега е во угостителството, во популарните туристички дестинации како Хрватска, Црна Гора и Грција, кадри од други профили се исто така барани - трговци, продавачи на сладолед, возачи, пекари, градежни работници...
Побарувачката за персонал е голема во сите тие земји, но и во многу други, па не е чудно што многу работодавци не можат да ги пополнат сите позиции каде што се неопходни работници.
Заработката варира во зависност од видот на извршената работа, работното време, земјата на работа... и може да достигне до 3.000 евра.
Повеќе за информацијата прочитајте на Фактор.