Сакавме првата брачна ноќ да биде спектакл, па ја поканивме деверица во кревет: Утрото ни беше срам да се погледнеме

Добивај вести на Viber

Кејт (27) и Дејвид Бебиџ (26) детално опишале како е да се планира оваа необична, а воедно и прва брачна ноќ. Како што наведуваат, ништо не планирале однапред и оставиле работите да се движат по својот тек. А за Daily Mail ги опишаа своите интимни фантазии.

- Ова не е прв пат да спиеме со мојата пријателка, која беше меѓу моите деверици на свадбата. Зборувавме за потенцијални сценарија за брачна ноќ, а бидејќи имаше многу наши пријатели кои делат сличен начин на живот со нас, се пошегувавме дека можеби и ќе организираме оргија на свадбата. Сакавме ноќта да биде спектакуларна, па ја поканивме деверицата - низ смеа изјави Кејт. 

- Кога гостите почнаа да си одат, отидовме со другарката на Кејт во соба и пробавме неколку игри, главно работи што сме ги правеле и претходно. Не е дека ја оцрнивме институцијата брак, секој различно го разбира бракот – објасни Дејвид.

Од друга страна, Кејт признава дека се отуѓила од семејството кое не ги поддржува нејзините преференции во спалната соба.

- Не ми е гајле што мислат другите за мојот начин на живот. Живејте и оставете ги другите да живеат. Ова не е за секого, но ако сте заинтересирани и вашата врска е солидна, зошто да не. Меѓутоа, на свадбата ми беше тешко бидејќи моето семејство не беше таму, татко ми не ме однесе до олтарот. Без разлика на се‘, нема враќање назад за мене. Единствено што морам да признаам е дека се срамевме кога се разбудивме, немавме храброст да се погледнеме, можеби затоа што беше првата брачна ноќ – изјавила Кејт.


- Пред неколку години почнавме со ваков начин на живот. Една вечер додека лежевме во кревет и реков на Кејт дека би сакал да ја видам со друг маж. Секогаш бевме малку поимагинативни од нашите пријатели, но и како моногамен пар имавме одличен интимен живот и немавме никакви проблеми – открива Дејвид.

- Првиот пат бев многу нервозна, но колку подолго размислував за тоа, толку станував поопуштена бидејќи сфатив колку Дејвид ми верува. Сепак, ни требаше многу време да го најдеме првиот партнер за „тројка“. Разменив многу лути пораки со различни мажи, а Дејвид го имаше последниот збор. Впрочем, ова беше неговата фантазија – заклучила Кејт.


Фото и Видео: Youtube