Го испратила синот на пат и 12 години тагувала по него мислејќи дека е мртов: Нејзиниот сопруг умрел од тага, а таа го доживеала најголемото чудо
Кога изгубила секаква надеж, се случило најголемото чудо
Џојс Кертис реши својата неверојатна приказна да ја сподели со светот преку британските медиуми! И расплака многумина. Имено, откако долго време мислела дека нејзиниот син е мртов, бидејќи го немала видено 12 години, добила повик, а од другата страна на линијата го слушнала гласот на синот!
Џојс Кертис од Шкотска верувала дека нејзиниот син Никола починал затоа што не го видела или слушнала од 2010 година. Последното нешто што знаела за него е информацијата дека тој патувал со автостоп во Франција и Шпанија, а за време на пандемијата се плашела дека се разболел и го загубил животот, пишува „Дејли мејл“.
Таа веќе неколку години тагувала по него кога на 19 декември 2022 година добила телефонски повик во кој ѝ било кажано дека е жив и дека е во болница на југот на Франција. Прво ѝ се јавила медицинската сестра, а потоа ѝ проговорил синот.
„Не можев да верувам. Мислев дека е мртов поради Ковид и се‘ што се случи. Тагував по него. Кога ми се јавија да ми кажат дека е жив, бев во шок. Сè што можев да направам е да плачам цел ден. Тоа ми го направи Божиќ подобар, особено откако мојот сопруг почина во јуни“, рече таа во видеото објавено на Фејсбук.
Никола останал без работа, па сакал да патува.
Агонијата на семејството започнала во средината на 2000-тите кога Никола го напуштил родниот град Глазгов да патува низ Европа, откако ја загубил работата како столар.
Наскоро тој го изгубил контактот со семејството, а Џојс верува дека некое време поминал живеејќи на улиците на Париз.
Таа решила да го пријави како исчезнат во 2009 година бидејќи долго време немала слушнато за него.
Една година подоцна, Џојс го контактирала британскиот конзулат во Париз за да ги извести дека Никола бил примен во болница во Франција. Таа веднаш долетала да го посети со сопругот, но тоа било последен пат да го виде во таа деценија.
„Во 2010 година добив писмо дека Никола е во болница во Франција. Тогаш беше исчезнат некое време. Веќе го пријавив како исчезнат овде во Глазгов претходната година, откако со години не се слушнав со него. Јас и мојот сопруг отидовме да го посетиме и ми беше многу убаво што го видов. Го донесовме дома, но поради некоја причина, не знам зошто, само повторно исчезна“, изјави Џојс за медиумите.
Во болница ѝ рекле дека Никола ќе биде вратен дома кога ќе закрепне, а таа нетрпеливо го чекала. Но залудно се надевала.
Уште едно исчезнување и нов повик од Франција.
„Кога бев на гости кај него во Франција, му купив чевли и други работи за да има облека за патувањето дома. По враќањето го чекав, но тој никогаш не дојде. Се сеќавам дека тој ден врнеше. Се јавив на сите аеродроми да видам дали се качил на летот, но не добив никакви информации. Никогаш повеќе не слушнавме ништо“, објасни мајката.
Џојс потоа ја добила шокантната вест дека нејзиниот син е жив 12 години подоцна, кога британскиот конзулат ја контактирал по втор пат, повторно ѝ кажал дека нејзиниот наследник бил примен во француска болница.
„Разговарав со него по телефон. Звучеше здраво. Го прашав: „Дали се враќаш дома Ники, а тој ми одговори: „Да“. Не можам ни да замислам низ што се‘ минувал, рече таа на крајот и отишла да го земе синот од Франција за да биде сигурна дека ќе се врати дома.
Фото: freepik
Извор: женаблиц