Совршен пролетен десерт: Домашен овошен сладолед без шеќер (РЕЦЕПТ)
Доколку водите поздрав начин на живот и внимавате да не внесувате премногу шеќер, овој сладолед е вистинскиот избор за вас, а и многу лесно се подготвува.
Потребни состојки:
-јогурт 200-300 мл
-3 зрели банани
-2 лажици мед
- 300 свежи јагоди, или замрзнато овошје по ваш избор
-арома ванила 1 лажица
Начин на подготовка:
Бананите добро изгмечете ги со вилушка, а потоа додадете го медот, јогуртот и ванилата. Соединете сè добро со блендер или миксер, а ако сакате посладок вкус, слободно додадете повеќе мед. Истурете половина од смесата во сад, потоа додадете ги јагодите (или замрзнатото овошје - по ваш избор, па потоа другата половина од смесата. Може да ставете одозгора рендано црно чоколадо, а уште поинтересно ќе биде ако смесата ја поделите во пластични чаши, па добиете „сладолед во чаша“.
Бон апетит!
Фото: Unsplash