„Се разбудив бидејќи сопругот се бореше за воздух покрај мене“: Умираше поради пијалок кој сите го конзумираме, а јас немав претстава дека е толку опасен

Добивај вести на Viber

Во раните утрински часови на 5 февруари 2011 година го изгубив сопругот. Тој умираше до мене во кревет, а виновникот е пијалокот што се наоѓа во фрижидерот на речиси секоја куќа.

-Поминав десет години во брак со него. Имавме три момчиња, а тој беше љубовта на мојот живот. Имаше само 41 година, беше многу здрав, редовно вежбаше, се грижеше за исхраната. Имам и доказ за тоа - кратко пред да добие срцев удар отишол на систематски преглед кој го покажал тоа. Сепак, тој претерано пиеше една работа - пишува Казондра Рејнолдс во својата исповед.

Во тој период се опоравував од операцијата на грбот што ја направив, но знаев дека морам некако да го спуштам на кревет и да почнам со реанимација. За жал, не знаев како да го направам тоа. Додека го гледав како добива модро сина, а потоа сива боја, врескав и се молев на Бога да го спаси. Бев во контакт со брза помош која ми даваше инструкции за вештачко дишење. Децата истрчаа во собата, исплашени и вознемирени. Мислев дека поминаа часови, а поминаа само три минути. За среќа, тогаш дојдоа од брзата помош па презедоа. Во еден момент, еден од болничарите извика: „О не, го изгубивме“. Потоа ми рекоа да ја напуштам собата. Го ставија во брза помош, а јас ги следев до болница. На мое олеснување, тој го преживеа патувањето во болница и го најдов во болнички кревет.


Докторот ми постави многу прашања за неговото здравје. Им спомнав и дека неодамна имаше систематски преглед. Докторот ми кажа дека нивото на шеќер во крвта му отишло до небо, па се уверија дека е дијабетичар, што не е. Сепак, енергетските пијалоци што ги консумирал во умерени количини доведоа до тој ненадеен скок на шеќер и срцева слабост. Мажот ми работеше во ноќни смени и ги пиеше тие пијалоци за да има доволно енергија. Докторот ми објасни дека само една лименка од ваков пијалок е доволна за да предизвика аритмија. „Луѓето што го пијат редовно си играат руски рулет“, ми рече докторот.

Сопругот беше доведен во индуцирана кома. По две недели, тој сè уште беше во несвест. Неговиот мозок беше загрозен и на крајот, лекарите ми рекоа дека повеќе не можат да му помогнат. Ги однесов децата за последен пат да го видат нивниот татко. Медицинските сестри го отстраниле најголемиот дел од апаратот на кој бил прикачен, за да не ги исплашат децата. Потоа ги извадивме и останав само јас, да го гледам како го симнуваат од сите апарати. Седев таму и го бакнував 31 минута, гледајќи како животот го напушта.

Мојот сопруг беше доброволен донатор на органи. Ме тешеше помислата дека барем некој друг ќе добие шанса за живот. Меѓутоа, се покажа дека ниту неговото срце, ниту бубрезите, ниту белите дробови не биле соодветни за тој процес токму поради енергетските пијалоци. Значи, единственото нешто што можам да направам е да ја споделам неговата приказна. Само така неговата смрт може да има барем некакво значење.


Извор: zena.blic.rs

Фото: Инстаграм