Дрво падна врз жена во Скопје: Пожарникари и брза помош на терен

Добивај вести на Viber

Големо паднато дрво го затвори за сообраќај булеварот „Свети Климент Охридски“ во делот кај Европскиот универзитет во Скопје.

Според информациите на дел од медиумите дрвото паднало врз жена, која со помош на екипата на брзата помош е пренесена во болница. 

Полицијата не дозволуваше пристап за возилата, а предупредувани беа и пешаците.

Попладнево невреме со сителн ветар го зафати главниот град.

Извор: Фактор