ИМА ЗМИИ, НЕМА ЈАВНИ ПЕРАЛНИ И СУШАРИ, СЕ ШИРИ СМРДЕА - вака ѓорчепетровци му вратија на градоначалникот кој не им дава да им се гледаат алиштата

Во општината има змии и нема јавни перални и сушари за алишта, се шири смрдеа од канализација и нечисти одводи, ама градоначалникот на Ѓорче Петров решил да ја разубави општината, со тоа што нема да се гледаат алишта поставени да се сушат по дворовите и терасите!!!

Вака граѓаните на општина Ѓорче Петров реагираа на потсетувањето на нивниот градоначалник Александар Наумоски, што го направи преку Фејсбук, дека според новите измени на одлуката за комунален ред и мерките за нејзино спроведување, граѓаните не смеат да сушат алишта во своите дворови, ако истите гледаат кон улица или плоштад.

„Да почнеме од поблагите мерки, со цел доследно спроведување на прописите. За да не стигнеме до казни. Превенција пред репресија“, додаде Наумоски во коментар под објавата.

Граѓаните, пак, главно реагираат со револт, а многумина тераат и мајтап, при што главна забелешка е дека кој каде суши алишта треба да се последен меѓу приоритетите на општината.

„Не сушам алишта, ама и со змииве нешто да се направи. Дексион, излезена од несреденото земјиште кај црвените згради близу очната клиника. Исто така некој си постави и гулабарник. Град ли е село ли е“, пишува еден жител.

Целиот текст за сушењето алишта во општина Ѓорче Петров и мислењето за тоа на граѓаните, прочитајте го на Фактор.мк