Имате толку проблеми да сакате да се откажете? Приказната на една баба ќе ве премисли за миг

Ако имате проблеми и сакате да се откажете и да кренете раце од се, оваа мудра и поучна приказна ќе ви ја промени перспективата.

Еднаш една млада жена отишла кај својата баба и ѝ се пожалила колку и е тежок животот.

Таа не знаела како да продолжи, а не сакала да се „откаже од се“. Таа била уморна од борбата - се чинело дека штом реши еден проблем, се појавува друг.

Слушајќи ја, бабата ја однела во кујната. Наполнила три тенџериња со вода и ги ставила на оган додека водата не зовриела. Во првото тенџере ставила морков, во второто јајце, а во третото зрна кафе. Таа седнлаа и ја оставила водата во тенџерињата да крчка. По 20 минути го изгаснала огнот.

Потоа го извадила морковот од тенџерето и го ставила во сад. После тоа го извадила јајцето и го ставила и него во сад. На крај ги извадила зрната кафе со водата во која се вареле и ги ставила во трет сад.

Бабата се свртела кон внуката и ја прашала: „Кажи ми што гледаш“.

„Гледам моркови, јајца и кафе“, одговори таа.

Тогаш бабата ја замолила да го допре и почувствува морковот. Таа го направила тоа и откри дека е многу мек.

Тогаш нејзината баба ја замолила да го земе јајцето и да го скрши. Под лушпата имало тврдо варено јајце.

На крајот, бабата ја замолила својата внука да ја вкуси водата во која се варени зрната кафе. Внуката се насмеала кога ја почувствувала богатата арома на кафе.

„Што значи сето ова, бабо?“

Бабата и објаснила дека секоја од тие „намирници“ се соочува со истиот проблем - зовриена вода. Но, секоја од нив различно реагирала.

Морковот бил тврд и непопустлив, но откако бил подложен на врела вода, омекнал и ослабнал. Јајцето било кревко. Неговата тенка надворешна обвивка ја заштитила течната внатрешност, но откако била подложена на топла вода, внатрешноста се стврднала.

Сепак, зрната кафе се уникатни. Откако биле подложени на топла вода, тие всушност ја смениле водата.

„Во кој пример се пронаоѓаш дете мое?“, ја прашала бабата внуката.


Foto: Unsplash