„Имав афера со колега од работа: Неволјите почнаа кога дознав дека е 15 години помлад од мене“

Најлошо од се е што во меѓувреме се заљубила во него,a се сомнева дека оваа врска може да има иднина

Имам 35 години и сум самохрана мајка на еден син. Пред неколку месеци почнав да работам на нова работа и веднаш се спријателив со момчето со кое работам. Знаев дека е помлад од мене, но нашите години никогаш не станаа тема на разговор, па не бев сигурна. Изгледаше зрело, дури и повеќе од мојот поранешен сопруг кој има 40 години. По едно излегување со тимот од работа, завршивме во кревет - напишала жена во писмото до терапевтот за Mirror.

Се*с и беше супер, но следното утро кога разговарале во кревет, тој ѝ признал дека има само 20 години. Мислела дека има околу 28 години, така што нејзината разлика во години би била солидна, но ова било премногу за неа. Тој изгледал малку засрамен и ѝ рекол дека се чувствува лошо што не и спомнал претходно. Сега се чувствува разочарана затоа што се заљубува во него, а не гледа иднина со него поради неговите години, па не сака да влезе во врска која не води никаде, со оглед на тоа дека само што излегла од лоша врска.

- Познавам неколку парови со 15 години разлика во години, иако се запознале кога биле постари. Тој е прилично млад, но претпоставувам дека зависи од вашето размислување и од она што моментално го барате во животот. Ако барате животен партнер и не мислите дека тој е подготвен за тоа, а се сомневам дека е со своите 20, тогаш нема смисла да продолжите со тоа. Но, нема ништо лошо во тоа да живеете во моментот и да уживате во истиот додека трае. Можеби не треба да размислувате дали ќе успее, туку само уживајте и одете од ден на ден – ѝ одговорил Колин Нолан.


извор: zena.blic.rs