Имунологот Борислав Каменов ја реши дилемата: Овој витамин е најважен во борбата против сите вируси, а луѓето често го забораваат

Добивај вести на Viber

Имунологот професор д-р Борислав Каменов на „Пинк“ зборуваше за исхраната која го уништува имунитетот, најважниот додаток и опасните грешки кога се во прашање антителата во организмот.

- Луѓето не разбираат дека првата битка против вирусот се води на ниво на неспецифичен имунитет, кога телото ги елиминира патогените и токсините од телото. Можеме да направиме многу однапред за да спречиме болести, хронични и автоимуни, дури и малигни заболувања и алергии. Мораме да ја подобриме состојбата на целиот имунитет, за да може телото да одговори на нападот – рече тој.

Многумина им премолчуваат на лекарите дека се чувствуваат лошо, уморни и имаат други проблеми, поради што навреме не сфаќаат дека нивното тело не е способно да се справи со нападот бидејќи имунитетот е ослабен.

- Нашиот имунитет одлучува за елиминирање на вирусот и спречување на неговото ширење во телото. Антителата се важни и добредојдени, но имунитетот е многу поширока приказна од нив. Ако нашиот систем е лош, нема да може да го реши проблемот. Имунитетот не штити додека не штити, а на крајот може да не убие, тоа е цитокинска бура за која се зборува - клеточниот имунитет е преактивиран. Мора да му дадеме на имунитетот централно место во оваа приказна – додаде тој.

Витаминот Д е најважен и без него не ни вредат другите суплементи или природни лекови.

- Витамините Д и Ц се најважни во овие ситуации, но првенствено Д, ако го нема, нема да имате ништо друго. Тоа е проблем во сите месеци кои во своето име ја имаат буквата Р, а секогаш се јавува кога е зима - посочи докторот.


Извор: www.najzena.rs

ФOTO: принтскрин/youtube/k1 televizija