Инфлуенсерка под притисок на следбениците ги „напумпала“ усните, сега се кае па порачува: „Никогаш не слушајте ги другите“

Коментарите на социјалните медиуми можат да ги натераат некои луѓе да прават работи што инаку не би ги направиле

Социјалните мрежи честопати можат да бидат извор што ја поттикнува несигурноста кај корисниците поради коментарите на другите, па дури и познатите инфлуенсери не се поштедени.

Ова и се случило на Кејти Бејли (19) од Братфорд, која стана позната инфлуенсерка и доби два милиони следбеници на социјалната мрежа ТикТок, од која многу брзо почна да прима пораки кои ја разнишуваат нејзината самодоверба.

Следбениците оставија непријатни коментари под видеата кои најмногу се поврзани со нејзиниот изглед, а особено со тоа колку и се тенки усните.

Кејтли стануваше се понесигурна; на крајот таа подлегна на притисокот и одлучи да ги „наполни“ усните со хијалуронска киселина. Таа веруваше дека поради тоа, ќе престане да биде цел на потсмев од нејзините обожаватели.

@k4tyl33

I GOT MY LIPS DONE!! By the amazing @joellecoutureaesthetics 

♬ Did It On’em - Nicki Minaj

Сепак, многу наскоро Кејтли се покаја за својата постапка и сфати дека нема да го повтори овој третман, кога ефектот на „полнење“ престана.

Таа апелира до другите инфлуенсери и млади луѓе да не попуштаат под притисокот на нивните следбеници на социјалните мрежи.

Кејтли рече дека ги доживеала првите негативни коментари на училиште.

- Многумина коментираа дека тенките усни не се привлечни и дека никој не сака да се заљуби во девојка која има тенки усни и да излегува со неа - го сподели своето искуство Кејтли.

Таа додаде дека овој тренд особено продолжил откако станала славна инфлуенсерка.

- Имаше сѐ повеќе коментари на моите профили. Кога ќе забележат дека сте несигурни за нешто, луѓето „се закачуваат“ за тоа и потоа коментираат уште повеќе, злоупотребувајќи го она што го гледаат - вели Кејтли.

Лавината од грди забелешки беше поттикната од видео во кое таа сподели приказна за нејзината несигурност. Затоа, вели, никогаш повеќе нема да сними такво нешто и да го сподели на социјалните мрежи.

„Се чувствував ужасно кога ги добив сите оние коментари во кои луѓето ја злоупотребуваа мојата искреност“, истакнува Кејтли.

- Вознемирувачки е да се знае колку луѓе се подготвени да коментираат за изгледот или некаков недостаток на другите.

Оваа млада девојка отиде на два третмани за „полнење“ на усните - секој од нив чинеше 110 фунти. Таа ја документираше промената со видео на TikTok, а тоа видео имаше 1,9 милиони прегледи.

- Дел од мојата работа е да се изложам на јавноста како инфлуенсер, но тоа не е секогаш пријатно. Понекогаш ми е жал што го сменив изгледот на усните, но мислев дека тоа ќе ме натера да се чувствувам подобро - искрена е Кејтли.

- Сакав да се чувствувам сигурна, но во исто време не сакав моите следбеници да мислат дека ова е опција по која секој мора да посегне доколку добие лоши коментари. Бев многу потресена од мојата одлука - вели Кејтли.

Таа ги предупредува другите да размислат пред да започнат со постапката за каква било промена во себе поради коментарите на луѓето на Интернет, и додава дека наскоро нема повторно да биде „под нож“.

- Моите усни ќе се спуштат надолу. Ги натерав да видат дали ќе се чувствувам побезбедно. Но, кога ќе се испумпаат, никогаш повеќе нема да ги наполнам - категорична е Кејтли.

Таа додава дека сфатила дека никој не смее да потпадне под влијание на злите коментари на другите и вели дека секој од нас треба да се сака себе си таков каков што е, какви што не создала природата.