ИНТЕРВЈУ АРСОВСКИ: Почнав како оператор, а станав одговорен за над 900 вработени!
„Спорт Лајф обложувалници“ e компанија која работи на пазарот на игри на среќа од 2002 година. Во моментов брои над 200 уплатно-исплатни места низ целата држава и преку 900 вработени, бројки и показатели кои се во постојан подем. Покрај долгата традиција, Спорт Лајф покажува сериозна организација и врвна професионалност, што сè заедно ја прави неоспорен лидер во индустријата на игри на среќа во Македонија и пошироко. Едно од најважните правила и принципи во компанијата е постојаното инвестирање во човечкиот капитал, дел од таа приказна е Александар Арсовски, директор на Човечки ресурси на спортските обложувалници „Sport Life“.
Вие сте директор на ЧР во една од 100-те најголеми компании во Македонија, како е да се биде дел од неа и да се раководи со овој важен сектор?
Арсовски: Во Спорт Лајф започнав како оператор на уплатно место, на една од основните позиции. Тоа е специфична работа во која се соочувате директно со клиентите, со различни карактери и ситуации за кои постојат посебни правила и обуки. По само две години станав сениор оператор т.е. одговорен на објект (обложувалница - н.з.), a по една година, поточно во 2010 година, врз основа на стекнатото искуство, добив можност да се докажам во секторот за Човечки ресурси како регрутер и интерен обучувач на новите вработени. Ова претставуваше еден нов момент за мене, нов предизвик и мотивација за натамошен развој. По повеќе од 10 години и бројни обуки, станав директор на човечки ресурси во Старбет - сестринската компанија на Спорт Лајф во Република Србија, а од 2020 година сум назначен за директор на Човечки ресурси токму во Спорт Лајф Трејд. За сето време ја имав поддршката на компанијата. Со помош на стипендија од Спорт Лајф, ги завршив додипломските студии на оперативен менаџмент и магистерските студии на човечки ресурси.
Мојата позиција во компанијата опфаќа и постојано усовршување во разни области и стекнување нови вештини, неопходни за раководење на секторот Човечки ресурси, како на пример: Академија за лидерство, академија за НЛП, академија за Data Science и др.
Денес, како дел од менаџерскиот тим, чувствувам уште поголема одговорност да ги следам принципите на компанијата и да придонесам за нејзиниот развој и успех.
Арсовски: Вие сте имале одлични услови за професионален развој, ги имаат ли сите вработени истите шанси како Вас за унапредување и развој на кариерата?
Не се работи за поединечен случај, туку за континуиран и сеопфатен процес, на кој заеднички се работи од страна на целиот менаџмент на компанијата. До сега компанијата Спорт Лајф има стипендирано 35 свои вработени за завршување на додипломски или магистерски студии. Во 10 свои вработени компанијата има инвестирано за завршување академија за data science, back-end програмирање и академија за графички дизајн.
Колку се почитува работникот и колку е голема можноста за напредување во компанијата покажува и фактот дека 90 отсто од менаџерски тим на Спорт Лајф, почетокот на својата кариера ја имаат започнато како оператори и постепено низ годините биле развивани или унапредувани на повисоки позиции. Така дел од нив се во топ менаџментот, а дел во линискиот менаџмент.
Во компанија со преку 900 вработени, како успевате да ги менаџирате сите процеси за развој на човечките ресурси и да обезбедите непречено одвивање на работните процеси?
Арсовски: Пред сè, со креирање на позитивна клима и услови за задоволни и успешни работници. Тоа значи воспоставување услови и канали за постојана и двонасочна комуникација со вработените и следење на нивните потреби. Постојано мотивирање и стимулирање на нивниот успех со соодветни плати, бонуси и награди. Креирање на корпоративна култура и добри меѓусебни односи.
Втора проблематика е обезбедувањето на квалитетни кадри, нивно поставување на соодветно работно место и континуиран развој на нивните вештини и знаења, сè со цел максимизирање на потенцијалот на човечките ресурси.
Денес, трендовите на одлив на работна сила од државата се вистински предизвик за одделот на ЧР, кој директно се рефлектира на нашето работење, и на потребата од постојани анализи, следење на флуктуациите, навремено реагирање и воведување на соодветно наградување и поволности за вработените, грижа за нивниот развој и тн. На пример, нашите викенди се работни поради природата на самата работа, но со добра организација, вработените покрај работните добиваат и слободни викенди во месецот и соодветни бенефиции. Целото интервју со Арсовски прочитајте го на Фактор.мк