Ѕирнете во луксузот: Луна и Марко дадоа 160.000 евра за нов стан, а само еден детаљ ги чинеше 18.000 денари

Не штедеа

Риалити двојката Луна Џогани и Марко Миљковиќ пред извесно време се вселиле во нов стан кој го купиле на Бежанијска коса, а на своите следачи на социјалните мрежи редовно им прикажуваат делови од имотот и како го опремиле.

Сега покажаа како уживаат на терасата, а покрај мебел кој во просек чини околу 10 илјади денари, за популарната лулашка „јајце“ мораа да одвојат уште 18 илјади. 

Да потсетиме, Луна и Марко живееја во мал стан на елитна локација во Нов Белград, но работите се сменија со доаѓањето на нивната ќерка Миа. Им требаше поголем стан, а не криеја од јавноста дека треба да подигнат кредит за дел од имотот од 80 квадрати на Бежанијска коса.

View this post on Instagram

A post shared by Luna Djo Miljkovic (@luna_djogani)




Бидејќи цената на квадрат на оваа локација се движи од 2.000 евра па нагоре, лесно може да се пресмета дека Миљковиќ само за станот дале минимум 160.000 евра, додека се‘ уште не се знае колку вложиле за опремување. 

-Станот е во зграда каде работите полека привршуваат и наскоро би можел да биде целосно подготвен за вселување. Цената на квадрат е 2.000 евра, но Марко ми кажа дека е подготвен да даде повеќе пари бидејќи сега има добри приходи. Таа заработува многу од YouTube и нејзиниот бренд за гардероба, а Луна секако се понудила да учествува со парите дадени однапред за купувањето, но тој нема да слушне за тоа - рекол тогаш извор и открил дека парот не планира да го продава станот во Нов Белград затоа што ќе го изнајмат.


Фото: Инстаграм - Луна Џогани