Италијанскиот милијардер со трите супермодели кои некогаш ги љубел: Една остави додека беше бремена, на друга ѝ го контролира животот, па ги замени со 46 години помлада

Флавио Бријаторе (72) на Инстаграм објави фотографија на која позира во прегратка на трите негови поранешни партнерки - Елизабет Грегораки, Наоми Кембел и Хајди Клум.

Италијанскиот милијардер Флавио Бријаторе сакаше многу познати убавици, меѓу кои и супермоделите Елизабет Грегораки, Наоми Кембел и Хајди Клум. Иако на едната од нив ѝ го скрши срцето, а на другата ѝ го контролира животот, сега покажа дека ги измазнуваат односите и на Инстаграм објави фотографија на која позира со трите поранешни партнерки на трката за ГН на Монако во Монте Карло.

Флавио, Елизабет, Наоми и Хајди позираа насмеани и прегрнати, а глетката ги воодушеви неговите следбеници. 


„Тоа го може само Флавио“, „Сите жени на шефот“, „Ангелите на Бријаторе“, „Навистина имаш среќа“, се дел од многуте коментари што ги доби.

Истата фотографија на својот Инстаграм ја објави Хајди со која во Монте Карло беше нејзиниот 16 години помлад сопруг Том Каулиќ, и кој позираше и со неа и со Флавио.


Пред 21 година Бријаторе на Хајди ѝ го скрши срцето, откако ја остави додека таа беше бремена со нивната ќерка Лени, која тргна по стапките на нејзината мајка и е модел.

Тој беше во брак со Грегорачи од 2008 до 2017 година и заедно го имаат синот Нејтан, а по разводот Флавио ја замоли да потпише договор што ја спречува да се појави во јавноста со нов маж.

Флавио и Наоми беа во врска од 1998 до 2003 година, па дури беа и свршени.


Неговата последна позната девојка е 46-години помладата манекенка Марија Лудовико Кампано, со која првпат беше виден во летото 2020 година, но не се знае дали се‘ уште се во врска.

Интересно е што Бријаторе, пред да се збогати, бил менаџер на ресторан и продавач на осигурување во Италија. Тој беше осуден по неколку обвиненија за измама во 1980-тите и доби две затворски казни, иако тие пресуди подоцна беа укинати со амнестија.


Фото: Инстаграм

Фото насловна: Профимедиа

Излегува само со милијардери, на 17 за малку ќе се предозираше, а сега цел свет гледа во нејзините чевли: Како ли Џулија Фокс оди во ова (ФОТО)