Изгледам како жена, но мислам како маж: 11 моќни изјави на Доли Партон за животот и љубовта

Иако наполни 75 години, Доли Партон сe уште ги воодушевува обожавателите со својот глас, изглед и начин на размислување.

Нејзината кариера трае завидни 50 години, во кои успеа да комбинира различни вкусови и генерации.

Во денешниот текст, решивме да потсетиме на нејзините најимпресивни набљудувања, кои не се тесно поврзани со музиката, туку со животот со сите свои подеми и падови.

1. За феминизмот

„Јас бев првата жена што запалив градник - на пожарникарите им беа потребни 4 дена да го изгаснат огнот.

2. За непредавањето

„Кога човек дојде на одредени години, многумина мислат дека тоа е тоа, крај. Но јас никогаш нема да запрам. Ќе продолжам да снимам плочи, по цена да ги продавам од багажникот на мојот автомобил. Го имам сторено тоа претходно, и повторно би била подготвена“.

3. За смислата на животот

„Не дозволувај да бидеш премногу зафатен со грижи за пари додека животот те одминува.“

4. За умот

„Изгледам како жена, но мислам како маж. Јас работев со мажи кои сметаа дека сум блесава, како што изгледав. Кога конечно сфатија, ги добив парите што ги барав и заминав “.

5. За храброста

„Никогаш нема да дадете се' од себе, освен ако не сте доволно храбри да се осмелите.“

6. За убавината

„Потребни се многу пари за да изгледате толку ефтино.“

7. За слободата на избор

„Нема да се ограничам, само затоа што другите не можат да се помират со тоа што имаат повеќе талент.“

8. За чувствата

„Не го скаменив срцето, затоа што сакам да чувствувам. Кога боли, боли до коска. Кога плачам, плачам. Кога ќе полудам, полудувам целосно. Јас сум личност како и секоја друга. Сакам да го проживеам секое чувство и искуство во моето животно патување“.

9. За несоодветни шеги

„Не се навредувам од глупави шеги на сметка на русокосите, затоа што знам дека не сум глупава… и исто така знам дека не сум русокоса“.

10. За оптимизмот

„Сметам дека ако сакате да видите виножито, мора да го издржите дождот.

11. За вистинската вредност

„Јас секогаш ќе ги бројам моите благослови пред банкнотите. Јас не работам за пари.“

извор:stil.kurir.rs