Култура // Настани
Изложба на Анкица Влашиќ Гроздоска во Франција
Уметницата Анкица Влашиќ Гроздановска во европската престолнина Стразбур гостува со својата изложба насловена „Променада“.
Оваа изложба Анкица веќе ни ја најави во април годинава, во нејзиното интервју за Женски Магазин. Изложбата „Променада“ e отворена на 5ти Септември во Клубот на уметници, а нејзините слики ќе може да се погледнат до крајот на септември.
Само како потсетување, годинава во Македонија, во април Анкица Влашиќ Гроздановска пред македонската публика се претстави со изложбата „Звуци и еха“.