Ја испрати мајка си во затвор, беше само со моќни мажи, се омажи за пријател на татко ѝ: Животната приказна на манекенката од која се плашат сите

Имотот на манекенката Бар Рафаели се проценува на 25 милиони долари, а изгледа дека Бар сакала да штеди без да плаќа данок на Израел, тврдејќи дека најчесто е во странство, а не во родната земја. Судот ѝ наложи да плати осум милиони долари долг од 2009 и 2010 година.

Нејзините адвокати застанаа во одбрана, тврдејќи дека речиси цело време била во Америка и дека живеела со нејзиното тогашно момче Леонардо ди Каприо, но се докажало дека во Израел поминувала повеќе од 150 дена годишно. Дополнително, Бар им кажала на американските даночни власти дека живее во својата земја и дека таму плаќа даноци. Сепак, на крајот нејзината лага беше откриена.


Инаку, израелските државјани кои живеат во странство не се обврзани да ги пријават своите приходи во странство. Но, израелските власти ја обвинија манекенката и нејзината мајка дека пријавиле фиктивно живеалиште во странство за да платат помали даноци во земјата.

Манекенката ја плати казната, а всушност нејзината мајка отиде во затвор. Таа е осудена на 16 месеци затвор, парична казна од 2,5 милиони шекели и плаќање на заостанати даноци. Мајка ѝ излезе од затвор во мај годинава, по 12 месеци од издржување на казната.

Поранешниот „Ангел на Викторија“ од 2015 година е во брак о со претприемачот Ади Езра (46), кој по потекло е од Израел, исто како неа. Двојката ги има ќерките Лив (4) и Елу (3) и синот Дејвид (1). На многумина им е позната и по тоа што четири години беше во врска со актерот Леонардо ди Каприо.


Бар Рафаели предизвика контроверзни мислења кога избегна да отслужи две години задолжителен воен рок со тоа што се омажи за пријател на нејзиниот татко, а потоа се разведе од него. Омажените и трудниците се ослободени од воена служба во Израел.

Скоро цел живот се занимава со манекенство, бидејќи како бебе се појавила во неколку телевизиски реклами. На осум месеци ја доживеала работата на модел кога се појавувила во реклама.

На 12 години престанала да се занимава со манекенство бидејќи носела протеза. Неколку години подоцна таа продолжи да се занимава со манекенство, а во 2000 година победи на модниот натпревар „Модел на годината“ во Израел и така нејзината манекенска кариера порасна.


Таа се појави во меѓународните изданија на списанијата Vogue, GQ, Maxim и Esquire. Таа има соработувано со познати брендови меѓу кои „Шанел“, „Ралф Лорен“, „Викторија Сикрет“ и „Рибок“. Бар во 2007 година, стана вториот израелски модел кој се најде на насловната страница на магазинот „Sports Illustrated“.

Бар Рафаели е успешна и како водителка, од 2013 година го води шоуто „Икс фактор Израел“, а во 2019 година беше водителка на Евровизија што се одржа во Тел Авив.

Таа се омажи за Адија Езра во 2015 година и имаат три деца. Пред него, манекенката беше кратко во брак со Ерик Вајнштајн, а се забавуваше и со Леонардо ди Каприо.


Фото: Инстаграм

Роди на 17 години, дојде во Њујорк без да знае ниту еден збор на англиски: Денес плива во милиони и е една од најубавите жени