Роди на 17 години, дојде во Њујорк без да знае ниту еден збор на англиски: Денес плива во милиони и е една од најубавите жени

Таа со својот изглед го полуде светот

Бразилската манекенка и ангел на Victoria's Secret, Лаис Рибеиро уште еднаш докажа дека е една од најзгодните, ако не и најзгодните модели во моментов.


Никој не остана имун на нејзините последни фотографии.

Манекенката најудобно се чувствува во „удобни“ стајлинзи, па најчесто можеме да ја видиме на плажа, каде секој слободен момент го поминува со својот вереник – поранешниот кошаркар Хоаким Ноа.


Ноа и Лаис ќе стапнат на лудиот камен во август годинава, по четири години хармонична љубов. Манекенката откри дека нејзината венчаница ќе биде во хармонија со природата: „Ќе облечам нешто што асоцира на местото каде што ќе се венчаме, опкружена со природа“.


Да потсетиме, Лаис денес може да ужива во изобилство, слава и успех, но пред повеќе од една деценија немаше поим дека ќе биде позната и препознаена низ целиот свет - згора на тоа, кога пристигнала во Њујорк од мал град во Бразил, едвај знаела неколку збора англиски и никогаш во животот не слушнала за брендот „Викторија сикрет“.


Таа на само 17 години го родила синот Александар, а една година подоцна, по наговор на пријател, се обидела да се занимава со моделство... на светските писти, а потоа ја снимила и првата реклама за брендот.


Интересно е да се зборува и за убавата Лаис како една од моделите која има се што е потребно за успех, но сепак е „досадна“ и „безлична“. Дали е тоа навистина така, оставаме на вас да процените, а она што е сигурно е дека е среќна - широката насмевка секогаш го краси нејзиното лице.


Фото: Инстаграм
Фото насловна: Профимедиа