Моментално е најпопуларниот „Ангел на Викторија“, а има 85 килограми: Егзотичната убавица покажа стомак и целулит во сатен, а луѓето се воодушевени

Навикнати сме долната облека на „Викторија сикрет“ да ја рекламираат само совршено згодни модели со стандардни мерки и пропорции, но по многу критики, брендот се осмели да направи убава, револуционерна промена! Плус сајз моделите конечно се приклучија во нивните редови, а една од нив е Палома Елсесер - попрепознатливо лице во модните кругови.

Палома е едно од лицата на новата колекција на „Викторија Сикрет“, а се појавија и фотографии од кампањата за Денот на вљубените, на кои таа позира во црн, секси комплет гаќички и градник од сатен и со сребрен појас.

View this post on Instagram

A post shared by Victoria's Secret (@victoriassecret)


Фотографиите се неописливо секси и ни покажуваат дека најсилното оружје на секоја жена е самодовербата и самољубието, без разлика на големината или обликот на телото.


Палома, родена во Лондон, која израснала во Лос Анџелес, почнала да се пробива во светот на манекенството дури во 2015 година, кога веќе имала 23 години, а нејзините мешани корени - чилеански, швајцарски и афроамерикански - придонеле за нејзиниот егзотично, необичен изглед. Прекрасните облини и вишокот килограми не и беа пречка на патот до успехот, напротив – таа ги направи своја предност!

View this post on Instagram

A post shared by Victoria's Secret (@victoriassecret)


Убавата манекенка често ја нарекуваат „новото лице кое ја менува модата на подобро“, а има соработувано со некои од најпознатите светски брендови, а меѓу другото прошета и на модната писта на ревијата на Версаче на модната недела во Милано, а во јануари 2021 година, таа беше ѕвезда на Вог. 


Фото: Инстгарам - Викторија Сикрет

Фото насловна: Инстаграм - Викторија Сикрет - screenshoot