Ја изневери со го-го танчерка: Овој човек беше една од најголемите љубови на Николина Пишек! (ФОТО)

Пред да се омажи за неодамна починатиот Видоје Ристовиќ, ТВ водителката Николина Пишек извесно време беше во врска со задарскиот нуркач Кристијан Ќуравиќ.

Тие се запознаа во јуни 2007-ма година кога Николина Пишек отишла на курс за нуркање во Рогозница, па дури и се верија, но венчавка не се случи никогаш.

Медиумите пишуваат дека за тоа придонесе неговото заминување во хрватското реално шоу „Фарма“, каде што ја запозна Жана Штрбац, поранешна го-го танчерка. Интересно е што таа сезона „Фарма“ ја водеше Николина во пар со Мија Ковачиќ.

View this post on Instagram

A post shared by Nikolina Pisek (@nikolina_pisek)


- Да, точно е дека јас и Кристијан дефинитивно раскинавме. Мислам дека конечно најде жена која му одговара - изјави тогаш Николина Пишек.

Подоцна за новинар од „Слободна Далмација“ изјави дека за сè биле виновни неговите финансиски проблеми, кои настанале кога еден од неговите проекти пропаднал.

- Николина е еден од најлојалните луѓе што сум ги запознал. Веќе не се слушаме, но ја паметам само по добро. Таа ми рече: „Те молам, оди во Норвешка, почна да имаш лошо влијание врз мене и моето дете. Поради таа твоја упорност и туркање на проектот што очигледно не го сакаат во Хрватска.

Фото: printscreen

- Сфатив дека ја зборува вистината и дека и јас ја влечам во бездна. Секогаш беше покрај мене, но затоа морав да ја оставам и да ѝ дадам шанса да живее. Така ја изгубив љубовта на мојот живот. Не ја оставив затоа што не ја сакав, напротив, ја оставив затоа што премногу ја сакав, можам да кажам дека таа беше вистинската. Таа е многу интелигентна, љубезна и лојална. Но, за жал, тајмингот беше погрешен и се разделивме - изјави Ќуравиќ во 2018-та година за „Слободна Далмација“.


Извор: www.espreso.co.rs

* Еве како изгледа таткото на постарата ќерка на Николина Пишек: Син е на познат пејач, а има уште едно дете! (ФОТО)