Ја платив свадбата ќе донесам кој сакам: Свекрва направила хаос на венчавка, гостите во неверување

Во морето од „хорор“ приказни со свекрви, имаме нов победник. Оваа свекрва ја донесе поранешната сопруга на нејзиниот син на венчавка, како изненадување. Пријатно изненадување.

Кога неименуваната девојка го запознала својот сопруг, тој веќе бил разведен од жена по име Минди. Се заљубија, добија син, а потоа организираа свадба.

-Свекрвата многу ја сакаше неогвата поранешна сопруга, и беше тажна што се пресели надвор од градот по разводот. Останаа во контакт. Таа се понуди да плати за венчавката, се согласивме без да знаеме ништо, знаевме само дека тогаш ќе сака да донесе одредени одлуки поврзани со организацијата и самата церемонија - напишала невестата.

Дојде големиот ден, свекрвата се појави облечена, а погодете кого донесе - Минди.

- Веднаш ја тргнавме настрана и прашавме што се случува. Таа рече дека ова е посебен ден, а мојот сопруг рече - да, нашиот посебен ден. Таа рече дека платила за венчавката и дека може да се јави и покани кога сака - продолжила невестата.

- И замеривме што не ни кажа што планира, но таа ни приреди многу непријатно изненадување на самата венчавка. Сопругот рече дека Минди мора да замине, а неговата мајка се закани дека и таа ќе ја напушти свадбата - напишала невестата.

На крајот, сѐ се решило по мирен пат. Минди си заминала, свекрвата останала, но таа ја нарушила целата венчавка.

- Ние и понудивме да и го платиме она што го должиме, но таа одби, таа рече дека ние веќе ја направивме штетата - ја заврши невестата својата исповед.

Луѓето во коментарите беа изненадени од тоа како на свекрвата воопшто и паднало на памет итакво нешто и напишаа: „Да не и нудиш пари ни случајно, таа тоа го направила намерно“.