„ЈАМИ ДИСТРИКТ“ – претставата што ја стресе поранешна Југославија, годинава на 12. Април во ДОМОТ НА АРМ во СКОПЈЕ

Добивај вести на Viber

КОКАН МЛАДЕНОВИЌ, режисер на претставата: „Нацијата е последниот азил за неуспешните луѓе“

„ЈАМИ ДИСТРИКТ“ во режија на истакнатиот Кокан Младеновиќ, од Србија е претстава работена во форма на лажен документарец, кој брутално и болно зборува за бесмислата на националните поделби на нашите простори во време на ХАЈ-ТЕК ерата. Прецизната и доминатна режија, по текст на Милена Боговац и маестралните улоги на актерките

Исидора Симијоновиќ, Јелена Граовац, Нина Нешковиќ, нараторот Немања Драгоша, живата музика на групата „VROOM“, ја држат публиката будна, насмеана и затечена во двата часа тотален театар.

Раскажана е приказна за еден настан од селото Јамина, најстара палеолитска населба во историјата на човештвото, каде НАСА кажува дека е пронајден скелет од најстариот човек на планетата. Бидејќи се наоѓа на територија на три држави: Срвија, Хрватска и БиХ, секоја се обидува истото да го присвои.


Претставата брутално зборува за бесмисленоста на националните поделби во 21 век, кога науката и технологијата одат напред, а во светот владеат транснационалните компании.

„ЈАМИ ДИСТРИКТ“ е во продукција на БИТЕФ театар од Белград, новосадскиот THINK TANK STUDIO и Фествалот Maszk од Сегедин, Унгарија. 

„Навистина е претстава која удира и во стомакот и во главата. Сакавме да направиме нешто радикално, нешто што требаше да биде наш страв од следна војна. Ние во Србија, Босна и Хрватска немаме само исти политики. Имаме и исти луѓе кои ги направија војните во 90-те. Таа повишена реторика, коцкањето со туѓите животи, со туѓи глави, ќе не однесе во некоја нова катастрофа. Поради тоа го измисливме тој факт, дека три нации се борат да докажат, која е наследник на најстариот човек на светот околу археолошко наоѓалиште. Таквите апсурди може да не одведат сите нас во нови крвопролевања, затоа што претставата се потсмева на се` што значи политичко опкружување. Нормалните луѓе на Балканот не смеат да дозволат да ни се повторат 90-те, вели режисерот Младеновиќ за претставата „ЈАМИ ДИСКТРИКТ“.

Во едно свое интервју, тој ќе рече: „Само националистите од сите страни бурно реагираат за оваа претстава. Се радувам што реакциите се бурни. Мислам дека нацијата е последниот азил за неуспешните луѓе. Кога немате што да понудите како индивидуа, кога не можете да се реализирате себе со тоа што сте, со индивидуалните квалитети, тогаш се вклопувате во групи, се криете позади нешто што е колективно знаме, за да го сокриете својот неуспех.

Претставата ќе биде изведена на 12 април 2018 година, на сцената на ДОМ НА АРМ во Скопје, со почеток од 20 часот. 

Цена на билетот е 200 денари. Билети може да се набават преку продажната мрежа на МКТИКЕТС (www.mktickets.mk) или на касата на Универзална сала.