„Јас сум украс за богати мажи и благодарение на овие тајни си направив империја“: Веќе 7 години живее како кралица, а сега откри како

„Моите спонзори ми помогнаа да започнам пет бизниси, да направам добри заштеди и ме опсипаа со дизајнерска облека, дијаманти и скапи автомобили.“

Деш Пристли (25) од Атланта, за „Метро“ отворено проговори за луксузот и раскошот што блеска од нејзиниот Инстаграм профил. Луксузно „порше“, дијаманти, дизајнерски чанти... до сето тоа дошла со помош на спонзори и вели дека не гледа никаков проблем во тоа.

- Кога сте спонзоруша, вие практично сте украс. Главно како украс, послужувате постари мажи кои сакаат убав придружник на вечери, одмори или само да разговараат со некого. Многумина мислат дека сексот е задолжителен во таквите договори, но не е потребен, се зависи од договорот. Јас служам како украс, никогаш не сум направила нешто што има врска со се*с за пари. На почетокот одев само на вечери со спонзори, а за тоа појавување земав 500 долари. Подоцна ги покачив цените и успеав да отворам пет сопствени бизниси - вели таа и додава дека наскоро планира да започне со „обука за спонзоруши“.


- Сакам да им откријам на другите девојки како можат да го постигнат истото. Само треба да си паметен, се обезбедив и живеам како кралица седум години. Сè ми беше платено, сите трошоци ми беа покриени, секој луксуз го добив на подарок, а парите ги вложив понатаму. Сакам да ги научам жените да се прават скапоцени, а тоа не мора да биде само преку се*с. Мажите всушност најмногу сакаат друштво, а не во сексуална конотација. Научив како да им пристапам без премногу да ја загрозувам нивната приватност.

На почетокот, мојот месечен ангажман беше 4.000 долари за еден месец, но во цената не се вклучени сметките во ресторани и сметките за шопинг, што е спонзорирано од мене. Се средувам директно и без двоумење. Првата средба со спонзорот повеќе звучи како деловен состанок, но мора да биде така и треба јасно да кажете што очекувате. Спонзорот ги кажува своите очекувања, јас ја кажувам мојата цена и потоа ќе видиме дали ни одговара. Со ова се занимавам уште од факултет и затоа избегнав паралелно да работам и студирам. Отворив сопствен салон за убавина на 22 години – вели таа.

- Луѓето обично мислат дека спонзорите седат со скрстени раце, ги турпираат ноктите и чекаат спонзорот да им се јави. Паметниот спонзор не го прави тоа, туку има свој бизнис и вложува пари. Отворив козметички салон, агенција за недвижности, козметичка компанија, Инстаграм маркетинг агенција и сајт за наоѓање партнери, а почетната инвестиција ја зедов од спонзор. Секако, на почетокот се срамев и криев дека сум спонзоруша, но сега сфатив дека нема од што да се срамам. Околу вас има многу спонзори, но се срамат да зборуваат – заклучува таа.