Јелена Ѓоковиќ носи безобразно скап детаљ: Вреден колку еден стан

Овој детаљ го забележаа сите

Јелена Ѓоковиќ најчесто промовира едноставен и скромен живот, па многумина и замерија што се прошета со облека и модни детали кои чинат неколку стотици илјади евра.

Со оглед на тоа што многумина ја следат нејзината работа и живот, ниту еден детаљ не пропушта јавноста, а сепак на многумина им се чини дека Јелена не прашува за цената кога станува збор за добро парче. 

Она што предизвика вистинска бура на социјалните мрежи е часовникот што Јелена често го носи. Имено, станува збор за часовник на позната модна куќа чија цена чини околу 50 илјади евра.


Сопругата на Новак Ѓоковиќ неколку пати беше фотографирана со овој часовник на раката, и секој пат тие фотографии предизвикуваат лавина коментари. И додека некои ја критикуваат за скапите парчиња, тврдејќи дека тоа е во спротивност со ставовите што таа ги промовира, други ја бранат со цело срце, тврдејќи дека не гледаат ништо спорно во гардеробата и накитот што ги носи ако може да си го дозволи тоа.



Фото: Профимедиа/Инстаграм-Јелена Ѓоковиќ

Љубов која победи сѐ: Погледнете како низ годините се менуваа Новак и Јелена додека нивната врска стануваше сѐ поцврста (ФОТО)