Јелена Розга наполни 44 години: Прекрасно е кога имате некој со кој ќе споделите сè, и среќа и тага, и успех и неуспех

Со својот посебен талент, таа со години ја освојува публиката, а нејзиниот совршен изглед се уште е енигма за многу дами.

Една од најталентираните музички уметници, која со своите специфични вокали и безвременски хитови, ја остава без зборови публиката низ целиот регион - Јелена Розга наполни 44 години.
Ако барате соодветни синоними за да ја опишете оваа убавина од Сплит, тое би биле посебна харизма, беспрекорен стил и скандинавска убавина.

Јелена е родена во 1977 година во Сплит, а веќе како тинејџерка покажала извонреден талент за сцена, танц и музика и посетувала балет во основно и средно училиште, каде што научила што значи да се биде дисциплинирана, упорна и вредна.

Уште во 1996 година, таа успеа да го сврти вниманието кон себе како натпреварувачка на фестивалот Дора, каде што ја изведе песната „Аха“. Жирито беше воодушевено од вокалните способности на Розга, и таа го освои второто место. Истата година, таа стана пејачка на популарната група „Магазин“, со која доживеа вртоглав успех.Песните „Небо боје моје љубави“, „С друге стране мјесеца“, „Минус и плус“, се композиции со кои многу генерации ја поминаа својата младост.

Во 2006 година, Јелена истакна дека започнува соло кариера, а песните „Опрости мала“ и „Не зови ме Марија“ наидоа на добар одзив кај публиката.


Таа ја изгради својата кариера без да открива многу  приватност, а со својот посебен талент докажа дека вистинска дама може да биде на врвот на кариерата и без провокативни тоалети, несоодветни изјави и љубовни драми.

Неодамна, запрашана кој е нејзиниот моментален емоционален статус таа рече:

- Прекрасно е кога имате некој со кој ќе споделите сè, среќа и тага, успех и неуспех, но јас не мислам дека тоа е единствената мерка за среќа, бидејќи среќата доаѓа одвнатре и ако сте реализирани и исполнети, некој само ќе ја дополни таа среќа.

Публиката особено се заљуби во неа по хитовите „Бижутерија“, „Лузна“, „Соло играч“, во кои посебно се најдоа припадничките на понежниот пол. 

Розга важи за дама со префинет вкус, а нејзините комбинациите на облека ги воодушевуваат дури и модните критичари.

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)


Јелена за прославата на роденденот одбра дамска комбинација, во нејзин стил:

View this post on Instagram

A post shared by Jelena Rozga (@rozgajelenaofficial)


извор:GLOSSY