КАДЕ СÉ Е ДЕТЕКТИРАН НАЈОПАСНИОТ ВИД НА КОРОНА: Наскоро може да стане доминатен, се заразуваат и вакцинираните

Добивај вести на Viber

Новата мутација е откриена во Јужноафриканската Република кај речиси 100 заразени лица, како и кај пет патници кои ја напуштиле оваа земја, односно во Боцвана (четири) и во Хонг Конг (еден). Првиот случај на новиот вид беше откриен вчера и во Израел. Лицето заразено со новиот вид е Израелец кој се вратил од Малави. Израелското Министерство за здравство соопшти дека постои сомневање дека се разболеле уште две лица, а сите тројца биле вакцинирани. И во Белгија е детектирана новата варијанта кај две лица.

Земјите веќе креваат епидемиски ѕидови: Италија од вчера воведе забрана за влез на луѓе кои посетиле една од јужноафриканските земји во последните 14 дена. Истото го направи и Чешка. Одлуката на Лондон е да ги забрани летовите од Јужна Африка, Намибија, Боцвана, Зимбабве и Лесото.  Повеќе по темата прочитајте на фактор.мк