Како да постигнете сјај на кожата како ангелите на Викторија Сикрет?

Добивај вести на Viber

Ангелите на Викторија Сикрет, како и повеќето други модели, се претпознатливи по беспрекорниот тен на нивната кожа. Тоа не е така случајно, имено тие многу вложуваат во нивната кожа и покрај салонските третмани, секојдневно негуваат квалитетна рутина за нега на кожата.

Марта Хант е еден од моделите на Викторија Сикрет со одличен тен, која за Харперс Базар, откри кои производи ги користи за нејзината кожа. 

За почеток го чисти лицето со Alpha H’s Liquid Gold или Glossier Solution. Потоа нанесува од серумот  Roche Posay’s Hyalu B5 и потоа го става нејзиниот омилен крем.