Како да започнете со подготовка на телото за летното сметање на времето

Добивај вести на Viber

Летното сметање на времето е наметнато едночасовно губење на сонот, а телото треба да се подготви за овој шок, бидејќи за неколку дена ги поместуваме стрелките на часовникот.

Летното сметање на времето ни носи дополнителна сончева светлина, подолги пролетни и летни вечери, но експертите за спиење велат дека тоа не е секогаш најдобрата транзиција за нашиот внатрешен часовник. Оваа година се префрламе на летно сметање на времето во недела на 27-ми март во 2 часот по полноќ.

Летното сметање на времето е наметната едночасовна загуба на сон

- Летното сметање на времето е наметнато едночасовно губење на сонот, кое може да ни влијае исто како и губењето на еден час сон секоја вечер. Ова е нешто за што треба да се знае и да се подготви ако е можно - вели д-р Филип Алапат, доцент по медицина на спиење на колеџот „Бејлор“.

На повеќето возрасни лица им требаат помеѓу 7 и 9 часа сон во текот на ноќта, додека на децата може да им требаат до 11 часа или повеќе. Д-р Алапат објаснува дека губењето на сонот е поврзано со негативни ефекти врз здравјето и перформансите во текот на денот:

- Намален распон на внимание

- Зголемен број на професионални или сообраќајни несреќи

- Во посериозни случаи, се јавуваат штетни здравствени состојби како што се мозочен удар или срцев удар.

Совети за подготовка на телото за летно сметање на времето

Годинава летното сметање на времето започнува во недела на 27-ми март во 2 часот по полноќ. Д-р Алапат нуди совети како да го подготвиме нашето тело за фактот дека ќе изгубиме еден час или повеќе сон:

Поместувајте го алармот постепено по 30 минути. Ова треба да започне најмалку два дена пред почетокот на летното сметање на времето, додека не се разбудите еден час порано од вообичаеното.

Ако не можете да станете половина час порано, обидете се да си легнете барем еден час порано во сабота или поспијте малку во недела за да спречите поспаност следниот ден.

Чувајте ја спалната соба ладна, темна и тивка за да го оптимизирате квалитетот на спиењето. Ладна соба ќе ви го олесни заспивањето.

Ограничете го времето пред екран пред спиење - избегнувајте да гледате телевизија и да зјапате во екранот на телефонот непосредно пред спиење.

Иако летното сметање на времето ги нарушува вообичаените рутини за спиење на луѓето, д-р Алапат додава дека е добра идеја да се обидеме да одржуваме редовно време за спиење, како и да се будиме кога се прилагодуваме на променливото време.

- На повеќето луѓе им треба одреден распоред, што значи дека нашето тело го има очекуваното време за спиење и очекуваното време за будење. Секое отстапување од тој редовен распоред може да го намали квалитетот на нашиот сон и да предизвика можна поспаност во текот на денот - истакна д-р Алапат.

Попладневната дремка може да ги надомести изгубените часови сон

На пример, наоѓањето време за спиење во попладневните часови може да помогне и да ги надомести пропуштените часови. Д-р Алапат ги охрабрува луѓето на пократки дремки од околу 30 минути, или уште пократки, порано во текот на денот, бидејќи дремките може дополнително да го нарушат квалитетот на сонот ако се случи да заспиеме доцна во денот.

- Клучно е да се осигураме дека тоа нема да влијае на претстојниот период на спиење. Ако дремете во 18 часот, тоа би можело да ви го наруши сонот ако обично одите во кревет во 22 часот. Меѓутоа, ако можете да дремете околу 13 или 14 часот, телото подобро ќе го толерира и нема многу да влијае на нашиот ноќен сон – објасни д-р Алапат.

Апчиња за спиење и мелатонин кои ќе ви помогнат да заспиете побрзо

Ако не сте навикнати да одите порано во кревет, можеби ќе можете да користите додатоци како мелатонин, кои ни помагаат да заспиеме побрзо. Д-р Алапат советува прво да го пробаме претходниот совет, а потоа да се консултираме со лекар, пред да почнеме да експериментираме со некој нов лек или додаток.

- Мала е веројатноста дека мелатонин во помали дози (1 или 2 mg) ќе создаде некаков значаен ефект врз спиењето. Секогаш кога се обидувате да земате лекови или суплементи за да помогнете во некој аспект од вашето здравје, добро е да добиете мислење од лекар за да бидете сигурни дека ја правите вистинската работа и дека ништо сериозно не се случува - советува д-р Алапат, кој препорачува посета на лекар, добивање апчиња за спиење ако почувствувате симптоми на несоница, ако не можете редовно да спиете во текот на ноќта или ако чувствувате постојана поспаност во текот на денот.

Извор: eklinika.telegraf.rs