Како ќе работат градинките: Донесени се протоколите

Градинките ќе се дезинфецираат пред да бидат отворени, а насекаде во објектите ќе има поставени заштитна опрема и дезинфекција. Донесени се протоколите за работата на градинките.

Да се дезинфицираат прекидачите, кваки на вратите, мијалници, масите, столови на секои два часа во текот на денот. Да се бришат во текот на денот повеќе пати подовите во објектот, а теписоните каде што постои можност да се отстранат. Активностите во дворот да се реализираат така што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца во исто време. Да се направи распоред за прием на децата по воспитна група и да има 10 минути период за прием помеѓу воспитните групи доколку влегуваат на исти влез, стои во протоклите.

Се предвидува да се одбележи пред секој влез на објектите растојание од два метра за родители при предавање на деца (само еден родител кој носи заштитна маска). Задолжително ќе се мери температура со бесконтактен термометар на вработените при влегување во установа и воведување на задолжително миење на рацете или дезинфекција, но и на децата при прием. 


  • Да се обезбеди растојание од 1,5 - 2 метри меѓу масите за седење на децата.
  • Да се обезбеди креветче и по две постелнина за секое дете.
  • Вработените задолжително да носат заштитни маски на своите работни места.
  • Да се врши секојдневна дезинфекција на превозните средства со кои се дистрибуира храна од главната кујна до другите објекти.
  • Воспитните групи за деца до 2 годишна возраст да имаат максимум по 6 деца и двајца вработени во смена.
  • Воспитните групи за деца од З до 10 годишна возраст да имаат максимум по 15 деца и двајца вработени во смена.
  • Секој родител да достави лекарска потврда од матичен лекар за здравствената состојба на своето дете.
  • Да се организира престојот на децата на таков начин што ќе се избегне меѓусебен контакт на различни воспитни групи на деца (сместени во одделни простории) во согласност со можностите, а игрите се препорачува да се организираат што е можно повеќе на отворено, во мали групи.
  • Не се дозволува собирање и меѓусебни контакти на вработените во заеднички простории.
  • Лицата кои доставуваат храна задолжително да носат заштитни маски и ракавици, храната за децата да се остава пред занималната, а децата да јадат во својата занимална со претходно направена дезинфекција на масите.
  • Установата да обезбеди потврда од родителот/е дека работните задачи задолжително мора да ги извршува/ат на работното место, без можност за работа од дома.

За останатите препораки во врска со играчките, храната, менување на пелени, итн продолжете на Фактро.мк