Како на природен начин да го подобрите варењето на храната

Добивај вести на Viber

Лошото варење на храната може да предизвика многу непријатности и има големо влијание врз нормалното и здраво функционирање на организмот. Затоа е важно кога ќе се појават дигестивни проблеми, да реагирате и да му помогнете на вашето тело и на дигестивниот систем соодветно да се справат со внесената храна. Со внимателен избор на храна можете да го поттикнете дигестивниот систем да работи правилно.

#1 Внесувајте доволно храна со растителни влакна

Влакната се структурен дел од растението, па ги има во овошјето, зеленчукот и житарките. Растителните влакна се многу важен дел во секојдневното мени, а препораката е возрасен човек да консумира минимум 30 грама растителни влакна дневно, односно овошје или зеленчук со секој оброк.

#2 Внесете „добри бактерии“

Дигестивниот систем е дом на илјадници видови корисни бактерии кои помагаат во разградувањето на храната и го спречуваат и развојот на други, потенцијално штетни бактерии во цревата. Посебно пробиотските бактерии од јогуртот Баланс+ можат значително да го подобрат варењето. Покрај јогуртот, пробиотски бактерии содржат и некои ферментирани производи од соја, пробиотскиот кефир, но и киселите краставички или кисела зелка.

#3 Внесувајте доволно течности

Течноста е одговорна за преносот на хранливите материи во телото. Овошјето и зеленчукот како ананас, праски, грозје, цреши, краставици и слично содржат голем процент течност, но само делумно ја задоволуваат потребата на организмот и затоа е важно да се пие вода во текот на денот. Незасладените чаеви се алтернатива и се препорачуваат чаеви од камилица, корен од ангелика, коријандер ...

#4 Не пропуштајте физички активности

Вежбањето е одличен сојузник на дигестивниот тракт. Освен позитивното влијание врз намалување на стресот, вежбањето ја стимулира и контракцијата на мускулите, што му овозможува на дигестивниот систем да работи правилно.

#5 Не брзајте додека консумирате храна

При брзото внесување храна се голта и воздух, што подоцна предизвикува надуеност, а брзото јадење многу често води до прејадување бидејќи на желудникот му требаат околу 20 минути за да испрати сигнал до мозокот дека е сит. Резултат на тоа се проблеми со варењето. Исто, џвакањето на храната 30 до 50 пати е апсолутно неопходно за добро варење на желудникот.

#6 Не правете долги паузи помеѓу оброците

Друга грешка што многумина често ја прават се нередовните оброци. Премногу долги паузи помеѓу оброците може да предизвикаат пребрзо јадење поради пад на шеќерот, но и прекумерно внесување храна бидејќи телото гладува. План за редовни оброци на секои три часа вклучително и овошни закуски, може да направи голема разлика.

Меѓутоа, како една од одличните храни за стимулирање на органите за варење и регулирање на цревната микрофлора, е функционалниот јогурт Баланс+. Тоа е единствениот пробиотски јогурт на пазарот со клинички докажани придобивки. Содржи пребиотик, две пробиотски култури (LA5 и BB12), но и влакна олигофруктоза. Баланс+ јогуртот ги содржи потребните протеини и влакна кои создаваат чувство на ситост и го регулираат апетитот но и големо количество здрави бактерии со што на ефикасен начин ја регулира цревната флора.


ПР објава