Како од модно списание: Јелена Спенџарска и внукичката во тренди есенска комбинација

Дека е тетка за медал докажа веќе неколку пати. Водителката Јелена Спенџарска, секоја можна прилика ја користи за да биде со својата внука Љубљана. На нејзиниот Инстаграм профил често може да се видат фотографија од малата убавица, за која во една прилика тета Јелена истакна дека кога се родила ја спасила.

Овој викенд имаше една таква објава на својот профил. Имено, водителката на своите следбеници им посака убав викенд, а во тоа ѝ помогна и нејзината внукичка. И двете стилизирани од глава до петици, позираа пред објективот.

„Кул тетка и уште покул внукичка (облечена по избор на мама... ама за многу брз и тета ќе се умеша во стајлингот) ви посакуваат најубав викенд“ - напиша водителката Спенџарска покрај фотографиите на кои позираше со нејзината внукичка.

View this post on Instagram

A post shared by JELENA SPENDZARSKA (@jelenaspendzarska) on