Како се случила тајната средба помеѓу принцезата Дајана и Кенеди Помладиот? Ексклузивни детали по 25 години

Дали тоа беше љубовна врска?

Тој беше американската елита, а таа вистинска принцеза - можеби звучи како бајка, но околностите не беа такви.

Во 1995 година, Џон Ф. Кенеди Помладиот сакал Дајана, која тогаш веќе била разделена од принцот Чарлс да се фотографира за насловната страница за неговиот политички магазин „George“. Наводно тоа била причината за нивната средба во елегантниот њујоршки хотел Карлајл, иако останала единствената мистерија како и зошто им побегнале на папараците кои ги чекале?

По тајнoто допишување, Џон и Дајана еден летен ден се најдоа во интимен апартман во хотелот, а помошникот на Џон Кенеди Џуниор нè запознава дури денес со детали од средбата, кои ги чувал повеќе од 25 години. Според РоузМари Теренцио, ниту принцезата не верувала дека има шанси да останат незабележани.

Се сеќавам како рече: „Нема шанси некој да го скрие тоа. Ќе има папараци насекаде“, рече таа.

Како типична монтажа на акционен филм, тимот на Кенеди почнал да смислува план како да ги сокрие синот на претседателот и принцезата. „Некој му предложи да оди маскиран, а јас реков: „Тоа е смешно. Не сакаш да го правиш тоа“, се сеќава РоузМари.

Крајниот план бил едноставен: тие одлучиле Џон и Дајана да влезат низ главната влезна врата. Нелогично?

Само на прв поглед, бидејќи добро знаеле дека медиумите веруваат дека двајца такви познати личности никогаш нема да влезат низ главниот, туку споредниот влез. Според РоузМари, оделе по се‘ или ништо, а среќата сепак ги следела храбрите - навистина никој не ги чекал на главниот влез, туку сите биле од другата страна на хотелот.

Што се случило за време на познатата средба е малку познато благодарение на оваа врвна измама. Во медиумите се појавија различни шпекулации за нивната афера, а неговиот тим денеска споделува само пофални зборови кои синот на тогашниот претседател на САД ги имал за Лејди Ди: „Се сеќавам како рече: Таа е навистина висока и има долги нозе!“  Рекол и дека е многу срамежлива и приземна. Тие наводно разговарале и за нивното познанство со Мајка Тереза“, додаде таа.


Фото насловна: Youtube-screenshoot-Real Royalty/Timeline - World History Documentaries

Извор: elle