Каков фраер: Атрактивниот Стјепан Хаузер од 2Cellos прошета по црвениот тепих во Венеција и предизвика воздишки кај публиката

Завршната вечер на 79. Филмски фестивал во Венеција - очекувано спектакуларно, стана уште поинтересна кога на црвениот тепих се појави познатиот музичар Стјепан Хаузер. 


Стјепан Хаузер им позираше на фоторепортерите на неговиот препознатлив начин, мажественоста и харизмата што ги долови му помогнаа да блесне на црвениот тепих, а добар избор на елегантен костум имаше за да го направи неговиот настап комплетен. Познатиот виолончелист би изгледал добро во секоја облека, но настан како Мостра заслужува одредено ниво на елеганција.


Хаузер дефинитивно не е роден само за музика, тој покрај тоа што изгледа како топ модел е вистински шоумен.


На Инстаграм, каде што објави видео од неговата прошетка на црвениот тепих во Венеција, дури и го нарекуваат „принц“. Со полно право може да се нарече најдобар фраер од гала настанот, а по бомбастичните фотографии фановите уште потешко ќе се помират со распадот на групата „2 cellos“ која дополнително ја сочинуваше Лука Шулиќ и Хаузер.

Но, не грижете се, атрактивниот маж напорно настапува, насекаде низ светот.


Фото: Инстаграм

Во знак на почит кон кралицата: Овие познати глумици носеа црно на затварањето на 79-от Филмски фестивал во Венеција