Калтрина ја извади долгата руса надоградба и косата ја носи во модерен боб: Ја стилизира на три ултра популарни начини (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Калтрина Круезиу Балаш, професорка по солфеж и диригирање во средното музичко училиште „Илија Николовски - Луј“ и мејкап артист, периодов направи значителна промена во изгледот која покрај тоа што одлично ѝ прилега, е многу практична за летните горештини.

Калтрина долго време ја носеше косата со надоградба, секогаш одлично стилизирана.


Меѓутоа, летово се одлучи за мала, но значителна и многу практична промена. 
Имено, ја извади надоградбата и сега косата ја носи со нејзината природна должина. Иако можеби мислите дека со кратка коса немате многу избор во стилизирањето на истата, сепак Калтрина ни покажува дека не е така, а таа најчесто ја стилизира на три начини кои се ултра популарни 
сезонава.

Исправена со пегла за вечерни излегувања 


Оформени локни кои даваат изглед на пократок боб и елеганција


Опуштени бранови за секојдневен изглед


Која фризура ви се допаѓа најмногу?