Кан: 82 жени гордо протестираа за родовата нееднаквост и сексуалната злоупотреба
Десетици филмски ѕвезди се здружија за да направат симболична прошетка на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал со израз на солидарност и протест.
Џејн Фонда, Селма Хаек и Марион Котијар беа меѓу 82-те жени кои учествуваа во демонстрациите во првиот Канскиот филмски фестивал од скандалот за сексуална злоупотреба што го потресе Холивуд минатата година.
Кејт Бланшет, главата на жирито, која ќе ја додели највисоката чест на фестивалот, Palme d’Or и ветеранот францускиот режисер Агнес Варда ја прочитаа оваа изјава.
„Како жени, сите ние се соочуваме со нашите сопствени уникатни предизвици, но денес ние стоиме заедно на овие скали како симбол на нашата определба и посветеност на напредокот"
Бројот на жени кои учествуваа во протестот е ист како и бројот на филмови во режија на жени избрани да се натпреваруваат во Кан во неговата историја од повеќе од седум децении.
Во истиот период, 1645 филмови во режија на мажи ја имаат таа чест.
Актерката Амбер Херд ја изрази својата поддршка за Кејт Бланшет и другите жени кои учествуваа на маршот на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал.
„Вечерва јас сум горда што чекорам на црвениот тепих со сите мои сестри за да формираме обединет фронт, како што стоиме рамо до рамо заедно во солидарност, не само да ги одбележиме сите работи што сме ги направиле во оваа индустрија и сите индустрии, но, исто така, да истакнете уште колку далеку треба да одиме ", изјави Херд во едно видео објавено на Твитер.
„Се чувствувам толку горда што сум меѓу такви храбри, моќни и важни жени, бидејќи стоиме за вистински промени сега."
Протестот се одржа за време на премиерата на „Девојки на сонцето“, кој ја раскажува приказната на Курдски баталјон составен целосно од женски војници, режирана од французинката Ева Хусон.
Хусон е една од трите женски режисери од 21 филм во конкуренција за главната нагреда оваа година.
Другите два, „Capernaum„ на Надин Лабаки и „Happy as Lazzaro“ на Алис Рорвахер, ќе имаат премиерна следната недела.
Кан е под зголемена контрола во последниве години во однос на бројот на женски режисери избрани во главна конкуренција, кое се смета за едно од најценетите достигнувања во киното.
Џејн Кемпион останува единствената жена што ја освоила Palme d’Or .