Карлеуша ги спакува куферите на роденденот на Душко: Пејачката отпатува со авион, а ова е вистинската причина (ФОТО)

Душко Тошиќ денеска слави роденден, а сите ја чекаат честотката на неговата сопруга Јелена Карлеуша.

Имено, фудбалскиот менаџер кој денеска наполни 37 години се огласи на социјалните мрежи каде многу пријатели му испратија зборови по повод овој важен ден за него.

Медиумите наведуваат дека насилството кое се случи за време на Божиќ, кога Душко наводно и удрил шлаканица на сопругата Јелена, ја шокирало јавноста која будно го следела секој чекор на славниот пар.

И сега сите будно гледаат дали Јелена ќе реагира по одреден период на молк и јавно ќе му го честита роденденот на сопругот.

Но, имајќи го предвид наводниот инцидент и заладените односи меѓу пејачката и фудбалерот, кому му беше забрането да и се приближува на Јелена, нејзината честитка годинава изостана.



Пријателите му го честитаа роденденот на Душко Тошиќ, судејќи по неговите објави на Инстаграм.

Да потсетиме, Јелена и Душко наводно се скарале во нивната куќа на Дедиње за време на божиќниот ручек, а ситуацијата наводно ескалирала така што сопругот и удрил шлаканица, со што се уште се занимаваат надлежните институции.

За тоа време Јелена објави сторија каде гледаме дека е во авион на пат за Дубаи, бидејќи е пред настап, што со денови го најавува преку својот Инстаграм профил.


Поп-ѕвездата неодамна се огласи откако наводно пријавила физички напад од нејзиниот сопруг Душко Тошиќ и во таа прилика го споделила споменот со нејзината покојна мајка Дивна Карлеуша, а може да се заклучи дека најавата покажува колку и недостига присуството на нејзината мајка, која беше нејзината најголема поддршка.во животот.



Foto: Printscreen/Instagram/ RTV Prva