Карлеуша се откажа од крвично гонење на сопругот Душко: Драмата која се одвиваше на Божиќ доби епилог

Пејачката денеска се појави во Првото основно јавно обвинителство во Белград, каде беше сослушана за целиот инцидент

Јелена Карлеуша денеска, на 8 април, се појави во Првото основно јавно обвинителство во Белград, на рочиште за драмата што според претходните написи се случила во нејзиниот семеен дом на Божиќ - кога нејзиниот сопруг Душко Тошиќ наводно ја нападнал по караница.



Имајќи го предвид добиеното мислење од Градскиот центар за социјална работа, како и изјавата на пејачката, обвинителството донело одлука да не поведе кривична постапка против прославениот фудбалер, дознава 24седам.


Фото: принтскрин Инстаграм