Ким Кардашијан покажа целосно гол задник, но поголем шок е нејзиното лице: Изгледа толку непрепознатливо, како да ставила туѓа фаца

Прилично бизарна, но пред се вистинита изјава - задникот на Ким Кардашијан некако успеа да биде една од најпознатите работи во светот, исто толку славна како и неговата сопственичка. Но, и покрај тоа, ријалити ѕвездата наоѓа начини да го претстави во ново светло.

Ким овој пат позираше за насловната страница на „nterview Magazine“, а темата беше американска насловна од соништата, што е сосема јасно на прв поглед.

Прославената 41-годишна девојка се фотографирала пред американското знаме, изгледајќи суштински американско - облечена во тексас од глава до пети и истакнувајќи ја платинесто русата коса.



Инаку, за потребите на овој едиторијал Ким ставила и нова фризура - слоевито потстрижена коса во стилот на 70-тите години на минатиот век, а стилистите посегнале по трик кој старлетата ја направи практично непрепознатлива - привремено ги избелеле нејзините веѓи.

Инаку, оваа русокоса на насловната страна го покажа и својот гол, буен задник кој ја прослави, и тоа додека навлекува фармерки. Таа се фотографираше во серија еротски, провокативни пози во танга гаќички, а секоја слика има автентична, препознатлива американска атмосфера, што беше и целта.

Инаку, во самото интервју Ким проговори и за неодамнешното раскинување со комичарот Пит Дејвисон, но за него ги имаше само најубавите зборови - меѓу поранешните партнери не остана лоша огорченост.

„Тој е сладок. Тој е толку добар човек, веќе не се раѓа таков. Возбудена сум поради тоа што тој го подготвува", кратко прокоментирала таа.


Фото: Инстаграм