Кисела зимница: Туршија која ќе ви трае до следната пролет

Добивај вести на Viber

Туршијата од пиперка, краставица и друг зеленчук по ваша желба ќе ви трае до следната пролет, благодарение на овој рецепт, но исто така ќе биде и вкусна додека да пристигнат свежите салати!

За подготовка на туршијата многу е важно да се одберата здрави, свежи и неоштетени плодови. По желба и вкус на семејството, земете жолта пиперка, зелен домат, краставички, морков, карфиол.

Рецептот се мери според количината на пресолот од 10 литри, а вие сразмерно ќе ја зголемите или намалите, врз основа на зеленчукот кој ќе го користите. 

Измијте го зеленчукот, крафилот исчистете го од листовите и поделете го „цветови“, морковот истругајте го, на пиперките скратете им ги рачките. Измијте го уште еднаш и ставете го на кујнски крпи да се исуши,

Зеленчукот наредете го буренце, каде што еден до друг ќе биде цврство ставен, но внимавајте да го оштетите. Доколку сакате може да ставите и четвртина зелка. На секој ред зеленчук сипете по малку шеќер. Внимателно заштитете го горниот дел со пластика која нема да му дозволи на зеленчукот да исприлива од пресолот, а потоа притиснете го со камен или тегла полно со сол.

Пресолот подгответе го по следниот рецепт и водете сметка да не ја зголемите количината на средството за конзервирање - имајте на ум дека единствено ограничената употреба на овие средства е безбедна за вашето здравје!

Состојки:

10 литри вода

300 грама сол

100 милилитри есеција

20 грама винобран

20 грама конзерванса

По желба, може да ставите и бибер во зрно, за поубав вкус на туршијата.

Подготовка: Винобранот и конзервансот сварете ги во 1 литар вода и додадете 9 литри вода за да се растори. Есенцијата и биберот во зрно, како и солта додадете ја на крајот.

Освен зеленчукот, за вкусната зимница е важен и квалитетот на останатите производи, затоа користете ги оние од „Кибела“ и бидете сигурни дека ќе уживате во вкусна зимница.