Ќе се наежите: Не може ни да замислите што се крие зад стиховите на најубавите балади

Настанале по вистински настани, кријат морничави приказни...

Овие балади на сите ни се добро познати, ги обожуваме, но многу од нив кријат морничави вистински приказни.

1. Прљаво казалиште - „Ту ноќ кад си се удавала“

Исто како што кажува песната „постојат некои други светови“, така постојат и некои други приказни за тоа што се крие зад еден од најголемите хитови на Прљаво казалиште. Во сите верзии главната улога ја има Јасенко Хоура, кој имал девојка која требало да го чека додека да се врати од војска. Кога Хоура се вратил дома дознал дека има закажан настап на некоја венчавка, која на крајот се испотавило дека е нејзината. По овој настан е снимен и филм во хрватска продукција. Иста приказна со малку поинаков и потрагичен крај се најде како втора верзија од оваа песна, бидејќи според наводите девојката се убила во моментот кога го видела своето поранешно момче. 


2. Индекси - „Бацила је све низ ријеку“

Култната песна на Индекси за која сите сигурно сте ја слушнале приказната, која се крие позади неа. Се зборува за љубовта на Даворин Поповиќ и една девојка од Сараево која останала бремена, но одлучила да ја прекине бременоста, иако тој сакал да се венчаат. Понатамошните наводи укажуваат на тоа дека неколку години подоцна Даворин на една турнеја во Шведска ја видел истата тааа девојка во публика, по што го прекинал настапот и се симнал помеѓу публиката. Меѓутоа, залудно ја барал, која исчезнала исто како и неколку години порано.


3. Борело - „Јелена“

Кога ќе дознаете што се крие зад стиховите „Нисмо сви из љубави стигли на овај свијет...“ солзите сами ќе ви потечат. Основачот на култната сараевска група „Болеро“, Мирослав Мишо Бартулица, песната „Јелена“ ја напишал за својата мајка, која го оставила во сиропиталиште. За оваа песна не е потребно да се зборува многу, само слушнете текстот внимателно, по ова сознание.


4. Тони Цетински - „23 просинац“

Тони Цетински секогаш бил премногу емотивен кога е во прашање изведувањето на неговата песна „23 просинац“. Во една прилика објасни дека оваа песна е прво напишана, а дека потоа се случил еден посебен настан во неговиот живот, и го повикал текстописецот и му кажал дека би сакал таа песна да остане како спомен баш на таа личност и да го преправат и конкретизираат текстот. Подоцна се зборуваше дека станува збор за приајтелка на Тони која починала од предозирање, иако пејачот никогаш за тоа не сака да зборува јавно. Цетински, исто така, „23 просинац“ на своите концерти ја посветува и нашиот непрежален музички талент Тоше Проески, а подоцна и на многу други колеги кои, еден по еден, го напуштаа овој свет.


5. Хаустор - „Ена“

Различни верзии на вистинскиот настан за оваа песна се појавуваат, а една од нив ја вклучува и познатата актерка Ена Беговиќ која почина и за која се верува дека била во врска со пејачот на Хаустор, Дарко Рундек, а која му помогнала да се извлече од пеколот со дрога. Другата верзија зборува за тоа дека станува збор за анонимна девојка која го носи ова име и која заминала за Канада откако не успеала да му помогне.


6. ЕКВ - „Срце“

Еден од најголемите бендови од поранешна Југославија предизвикуваше контроверзни прашања за секоја од нивните песни, меѓу кои посебно се издвојува песната „Срце“ посветена на поранешната девојка на основачот на бендот Милан Младеновиќ, а која починала од конзумирање на хероин.


7. Арсен Дедиќ - „Не дај се Инес“

И покрај тоа што најголема муза и животна сопатничка му беше Габи Новак, Арсен во една прилика изјави дека сите негови љубови останале негови другарки, поради што немал проблем отворено да зборува за нив и да им посветува песни. За време на лекувањето во Падова во 1969 година го пронашла Инес. Денес таа е среќно мажена и има возрасни ќерки, кои воедно биле и главни иницијаторки за неговата мајка да му се јави на Арсен кога дознаеле дека таа е Инес од песната.


8. Бијело Дугме - „Селма“

Еден од најголемите хитови од просторите на поранешната република зборува за големата љубов на Владо Дијак, кој ја сакал тогаш 16-годишната Селма од Зеница. Меѓутоа, за таа љубов тогаш не зборувал, туку само сакал да го помине секој момент во нејзина близина, искажувајќи ѝ ја љубовта на свој начин. Еден ден кога тргнала на училиште во Сараево, го сретнала на патот до железничката станица. Ѝ ја понудил својата помош за да ѝ ги носи куферите и кога седнала покрај скршениот прозорец ѝ го дофрлил познатиот стих „Не нагињи се кроз прозор“. За песната дознала дури во 1962 година, кога во весниците нејзиниот татко ги прочитал стиховите, а на Селма, по 38 години во една емисија ѝ ја отпеа Жељко Бебек.


9. Џенан Лончаревиќ - „Страх ме да те сањам“

На албумот од 2009 година се најде и песната која ја напишала Марина Туцаковиќ, а која е посветена на неговиот починат брат. 

Во прашање е нејзината „Страх ме да те сањам“, која емотивно зборува за најскриените емоции на пејачот и за неговиот брат кој починал во 2008 година.