Кога се разбудила од кома, Мадона изговорила само еден збор: „Знам и зошто, разговорот со Бог беше страшен“
Мадона детално опишала како се чувствувала за време на предизвиканата кома и што се случило кога ги отворила очите.
Познатата пејачка Мадона (65) детално опишала како се чувствувала за време на предизвиканата кома и што се случило кога ги отворила очите. Сè се случило откако на крајот на јуни минатата година итно била примена во болница поради бактериска инфекција. Таа закрепна, продолжи со турнеите и сега се присети на искуството блиску до смртта.
Таа настапи во Лос Анџелес, а потоа пред присутните му се заблагодари на доктор Дејвид Агус кој ѝ го спасил животот.
„Ова лето имав изненадување. Имав скоро смртно искуство. Да, не се шегувам. Беше прилично страшно. Четири дена не знаев ништо бидејќи бев во индуцирана кома“, рекла Мадона.
Кога се разбудила, веднаш рекла: „Не“. Пејачката објаснила дека е прилично сигурна зошто овој збор бил првото нешто што го кажала кога ги отворила очите. „Сигурна сум дека Бог ми велеше: „Дали сакаш да бидеш со мене? Дали сакаш да дојдеш со мене? Сакаш да одиме овде?“. Јас велев: „Не, не“, рекла Мадона.
„Знам дека звучи лудо, но беше тешко и не знаев кога ќе можам повторно да станам, кога ќе можам повторно да бидам своја и кога ќе ја вратам енергијата. Секој втор ден се јавував кај мојот доктор и прашував зошто немам енергија, кога ќе чувствувам подобра енергија, кога ќе се чувствувам како порано, кога ќе можам повторно да одам на турнеја. Сè што ќе ми кажеше беше: „Излези на сонце“. Беше толку тешко за да одам од куќата до дворот и да седам на сонце. Знам дека тоа звучи лудо, но беше тешко“, рекла Мадона.
Фото: YOUTUBE/THE TONIGHT SHOW STARRING JIMMY FALLON