ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Кога животот не е фер, сетете се на овие 10 реченици

Никако да ти тргне во животот? Ти се чини дека среќата постојано те заобиколува? На секого од нас понекогаш животот ни се чини неправеден, но секогаш треба да живееме со помислата дека најдоброто допрво доаѓа. Следните десет реченици ќе ти помогнат да размислуваш позитивно и да не губиш надеж кога следниот пат ќе помислиш дека животот не е фер.

1. Понекогаш само треба да поразговараш со четиригодишно дете или со 84-годишен старец за повторно да го разбереш животот.

2. Што и да правиш, никогаш не се навраќај на она што те скршило.

3. Кога ти се чини дека нема на што да бидеш благодарен, провери го сопствениот пулс.

4. Запомни дека ситуацијата во која се наоѓаш не е твоето крајно животно патување. Најдоброто допрва доаѓа.

5.  Кога животот е сладок, речи „благодарам“ и прослави. Кога животот ти е хаос, исто така речи „благодарам“ и научи.

6. Лошите работи кои ни се случуваат во животот понекогаш нѐ насочуваат на патот кој ќе нѐ одведе до најдобрите работи кои допрва ќе ни се случат.

7. Секој ден е нова шанса да го промениш својот живот.

8. Пронајди нешто позитивно во секој ден, дури и во оние денови кога потрагата по нешто убаво трае подолго.

9. Животот не мора да биде совршен за да биде преубав.

10. Она најлошото што ќе ти се случи, ќе те научи она најдоброто никогаш да не го перцепираш „здраво за готово“.

Извор: zadovoljna.hr