Koи се најплатените актерки во Холивуд?

Добивај вести на Viber

Британски „Independent“ ја објави листата од актерки чии заработки ја надминуваат бројката од осум милиони долари.

Освен Даниел Крејг, Двејн Џонсон и Вин Дизел, на листата на најплатени се секако и бројни актерки кои со своите филмски проекти се издвојуваат во однос на поединечни актерки.

На првото место, кога станува збор за жените е американската актерка Ен Хатавеј, чија заработка за долго најавуваниот филм „Barbie“ (кој ќе го гледаме во 2020 година) се проценува на 15 милиони долари.

Зад неа е помлада актерка, која веќе освои и Оскар, а станува збор за 27-годишната Џенифер Лоренс, која исто така заработи 15 милиони долари за улогата во драмата „Red Sparrow“. 

На третото место, на листата по висина на заработка, е Сандра Булок.

Таа во 2015 година го позајмуваше гласот во филмот „Minions“ и за овој ангажман заработи 10 милиони долари.

Британската актерка Емили Блант, со својата најнова улога во филмот „Jungle Cruise“ ќе заработи од 8 до 10 милиони долари.