Кои се причините и зошто се јавува рак на желудникот од кој почина Саша Поповиќ? Една група луѓе е посебно загрозена

На 70-годишна возраст почина Саша Поповиќ, основач и креативен директор на Гранд продукција, а веста ја потврди и Гранд продукција, која излезе со соопштение.
Минатата година Саша имаше несреќа со ногата поради која мораше да оди на лекар. При прегледот се пожалил на болки во стомакот и тогаш било откриено дека боледува од рак на желудникот, пренесуваат медиумите. Тој се лекуваше во најсовремена клиника во Париз, каде по девет месеци борба ја загуби најголемата битка во животот.
Причини и зошто се јавува рак на желудникот?
Ракот на желудникот е предизвикан од:
-Јадење храна богата со нитрозамини (пушена риба или месо)
-Хроничен атрофичен гастритис
-Крвна група А
-Хроничен гастричен улкус поврзан со инфекција со H. pylori.
Колку време е потребно за да се развие рак на желудникот?
Ракот на желудникот обично се развива неколку години пред да се појават првите симптоми на болеста.
Превенција
Спречувањето на ракот на желудникот е тешко да се спроведе, имајќи предвид дека не се познати сите фактори кои влијаат на развојот на болеста.
Може да се препорача намалување на потрошувачката на пушена и солена храна и земање на витамин Ц и б-каротен дневно, иако нивната заштитна улога сè уште не е веродостојно потврдена.
Превенцијата ја вклучува и борбата за рано откривање на болеста, бидејќи тогаш веројатноста за преживување е многу поголема. Неопходно е да се идентификуваат лицата со зголемен ризик и редовно да се следат.
Ова ги вклучува луѓето над 40 години кои имаат некои стомачни заболувања, семејна историја на рак на желудникот, а особено луѓе со неодредени тегоби во горниот дел на абдоменот кои траат долго време и не реагираат на третманот.