„Толку од пријателството и тагата“: Лепа Брена „нападната“ зошто ќе одржи концерт 2 дена по погребот на Саша Поповиќ

Добивај вести на Viber

Концертот ќе се одржи и сите подготовки се одвиваат според планот.

Саша Поповиќ почина пред четири дена, а неговата долгогодишна пријателка Лепа Брена се соочи со бројни осуди затоа што во толку тешко време, додека целиот естраден свет тагува, таа го рекламира својот концерт во Љубљана со натпис: „Љубљана, подготвени?“

Тоа предизвика негативни реакции кај луѓето со оглед на тоа дека таа му била кума и најблиска соработничка.

Концертот ќе се одржи и сите подготовки се одвиваат според планот, јавуваат локалните медиуми.

- Концертот на Лепа Брена во Љубљана на 8 март не е одложен. Нема бесплатни термини, термините се закажуваат месеци, па и години однапред. Трошоците за организирање концерт се исклучително високи. По повредата на ногата во Загреб, откажани се два концерти на Брена, што секако предизвика огромни трошоци за организаторите - открива добро упатен извор, а под објавата се наведени бројни негативни коментари.

„Толку од пријателството и тагата, страшно“, „Откривме нова димензија на ментална болка“, се  само еден од коментарите под објавата на Брена на нејзиниот официјален Инстаграм профил.

Брена се прости од Саша објавувајќи неколку заеднички фотографии, и емотивна порака:

View this post on Instagram

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)

- Драг мој Сале... После толку години пријателство, соработка, патувања, турнеи, заеднички проекти, семејни дружења... Тешко е да се најдат зборови кои можат да ја ублажат болката од предвременото заминување. Од самиот почеток на нашата креативна работа, твојата енергија нè водеше, твојатавизија беше на вистинскиот пат и остави свој белег во историјата. Сè што правеше и создае, правеше со полно и искрено срце. Го најде својот вечен мир, а ние кои те сакавме и почитувавме доживеавме нова димензија на душевна болка. Почивај во мир. „Твоја, Беки“, напиша таа.

Фото: Инстаграм
Извор: Alo.rs