Сите ѝ честитаат на Ника Тошиќ: Многумина сонуваат да им се случи ова

Успехот на Ника Тошиќ е голем.
Помладата ќерка на Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ е вистинскиот наследник на нејзината мајка. Имено, Ника Тошиќ веќе извесно време е ѕвезда на социјалната мрежа ТикТок, а сега со своите следбеници сподели убава вест.
Успехот на Ника Тошиќ е толку голем што на популарната социјална мрежа веќе има 100.000 следбеници на кои им се заблагодари за довербата.
Ника позираше пред балон со број од 100 илјади за да го прослави својот голем успех, а во описот на фотографијата им се заблагодари на своите следбеници:
– Ви благодариме за 100.000 следбеници на TikTok – напиша таа.
Ника не крие дека ужива на социјалните мрежи, а сериозно размислува да отвори канал на Јутјуб каде би снимала блогови и би споделила уште повеќе детали од својот живот со своите следбеници. Во оваа идеја има голема поддршка од родителите, особено од нејзината мајка, популарната балканска ѕвезда Јелена Карлеуша.
Додека ќерката на Карлеуша собира фанови и следбеници на социјалните мрежи, на нејзината мајка ги згаснаа профилите на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм
Извор: Story.rs