Koj e следниот филм во кој ќе глуми Хали Бери?

Добивај вести на Viber

Хали Бери, добитничка на Оскар потпиша договор за да биде дел од „John Wick: Chapter 3“ заедно со Кијану Ривс и со тоа ќе стане дел од големиот број ѕвезди кои се појавуваа во оваа акциона филмска франшиза која го заживеа жанрот во 2014 година, кога излезе првиот дел.

Во новиот дел од франшизата ќе се појават и Анжелика Хјустон и Кејт Дилон, а режисер на филмот ќе биде Чед Стахелски, кој ги режираше и претходните два дела.

Приказната на филмот ќе продолжи онаму каде што застана крајот на „Chapter 2“, во кој пензионираниот платен убиец проба и не успеа да живее нормален живот и сега има цена на неговата глава која изнесува 14 милиони долари, па затоа на неговиот траг се огромен број платени убијци кои се решени да го ликвидираат.

Деталите за улогата на Хали Бери останаа во тајност, а таа на нејзиниот официјален Instagram профил објави дека ликот кој ќе го глуми ќе се вика Софија.

Премиерата на филмот е закажана за 17 мај 2019 година.