Кој е вашиот најголем порок според хороскопот?

Добивај вести на Viber

Пороците не се проблем. Проблем се слабoстите што ги „хранат“! Пороците сами по себе се само индикатор на поголеми проблеми. Додека се бориме со нив во сите начини, астрологијата може многу да помогне. Откријте ги вашите најголеми слабости и како да ги ублажите или да ги совладате.

ОВEН: Борба со зборови

Оној момент кога ќе помислите дека некој ви се нафрлил, го пуштате да олади. А да не е решавањето на проблемот. Сега сте возрасни и мора да научите да се справите и да ги решите проблемите

БИК: Самоуправување

Тоа што сте изеле цела кутија сладолед, престанете да го викате сакање на себе си. Не е во прашање љубовта, особено ако тоа го правите три вечери по ред. Бидете реални. Кога некој ќе ве повреди, тешко се соочувате со тоа. Ако ви е потребен изолација, тоа е во ред. Тоа е типично за вашиот знак. Работете повеќе на себе си.

БЛИЗАНЦИ: Жестока дебата

Не треба сите да го чујат вашето мислење за последниот текст што го прочитавте, особено ако не се согласуваат со вас. Пуштете ги да живеат. Вие сте во состојба да се вклучите во разговорот што сте го слушнале само површно, и жестоко дебатирате околу тоа.

РАК: Вашата мајка

Раковите се или силно поврзани со мајка си или мислат дека им го уништила животот. Како и да е, нејзиното неодобрување ви го уништува животот, но сега сте возрасни и треба да престанете да се заморувате со она што таа мисли. Време е да го поставите животот според сопствените правила.

ЛАВ: Ласкање

Сите ние сакаме да бидеме омилени и прифатени во општеството, но вие тие работи ги ставате на ново ниво. Ако некој ви чукнал на врата во 3 часот наутро и кажал дека сте убава, ќе го пуштите внатре, и би разговарале со него само за да видите каде може то да се однесе. Каде би можело да ве однесе, драги Лавови? Во убиство, драги наши. Затоа разбудете се.

ДЕВИЦА: Ништо освен перфекција

Добро, сега сте на третиот состанок и конечно го повикавте во станот. Тој е подготвен да премине на дело, и токму кога ќе се соблечете ... чекај, дали е фотографијата на ѕидот малку криво наместена? Ако не ја поправите во истиот момент, нема шанси да продолжите понатаму. Научете се да бидете опуштени и флексибилни.

ВАГА: Одлуки, одлуки, одлуки ...

На вечера сте со пријателите и токму сега го добивте менито пред себе. Вие сте во состојба со саати да дебатирате што да нарачате. Тоа е голем проблем. Изборот во менито е навистина голем, но секој може да најде нешто за себе. Но исто така е и во играта што ја нарекуваме живот, а вие Вага не можете да донесе одлука. Престанете да се оптоварувате со неважни работи.

ШКОРПИЈА: Зборот „не“

Вие сте вистински мајстор во планирањето, преземањето на детални чекори и токму кога сте стигнале до саканата цел, не можете да разберете дека некој ве одбил. Настојувајте да направите се што е потребно за да го добиете одговорот што го сакате и дури и да пукнете од нервоза. Прифатете го фактот дека не може да биде како што сакате.

СТРЕЛЕЦ: Несогласување

Стреелецот е оптимист до таа мера што може да стане слеп за реалноста. Толку ќе се увери во некое мислење што тоа се граничи со екстремизмот. Не очекува дека може да се случи нешто поинакво. Со други зборови, време е да ги разградувате своите идеи и верувања.

ЈАРЕЦ: Предизвици

Вие очигледно ги правите работите на потежок начин. Или поедноставно, премногу се трудите. Опушти се, резервирајте го годишниот одмор, платите часови за јога и одморете одвреме-навреме со чипс, исто како што тоа го прави и останатиот дел од нас. 

ВОДОЛИЈА: Проблем кој треба да се реши

Ако некој се пожали дека има проблем, веднаш ќе почнете да барате решение. Било да е овој проблем голема хуманитарна криза или само скршен iPad, ќе се нафрлате на проблемите и нема да ги пуштите додека не сте прогласени за херој. Вашата животна задача да се биде во служба на човештвото на било кој начин, но не можете да им помогнете на сите. Научете да ги поставувате приоритетите и сите ќе бидат во ред.

РИБИ: Тага

Длабоките разочарувања на луѓето околу вас навистина може да ве растажат. Дури и ако е по ваша добра волја, мора да бидете подготвени и на неколку лоши работи. Тоа е цената што ќе ја платите за да им бидете потребни на другите луѓе. Совет: ќе бидете многу среќни ако се опкружите со среќни луѓе!