Кој хороскопски знак може веднаш да го препознаете по чекорот?

Овен

Овните се родени борци, често имаат доминантен став во друштвото, а нивната одлучност е видлива и по начинот на кој одат. Со малку арогантно држење и подигната глава, Овните често не забележуваат што се случува околу нив додека одат бидејќи се занесени во своите мисли. Заради тоа лесно се судруваат со други или се залетуваат во ѕидови, иако ни тогаш „не се тие криви“.

Бик

По својата природа Биковите се големи практичари, па тие секогаш го избираат најубавиот и најдобриот пат. Тие сакаат да одат, иако тоа не може лесно да се забележи од нивното долготрајно и по малку бавно чекорење. Сепак, нивниот од не е ни малку несигурен, туку силен и одмерен.

Близнаци

Како што се агилни и брзи, таков е и нивниот од. Секогаш брзаат, делуваат нервозно, и во секунда можат да го сменат правецот или насоката. Не знаат да одат право. Нив најважно им е да дојдат до целта, а не како ќе пристигнат до неа.

Рак

Ракот се движи отмено, со многу стил, како да доаѓа од кралскиот двор. Со тоа промислено движење ја крие својата внатрешна нервоза.

Лав

Вложува доста енергија да делува самоуверено и атрактивно, а со одењето исто така сака да остави трага зад себе. Ако помисли дека некој го гледа, ќе го забави чекорот и по малку ќе почне да се прчи. Она што е интересно е дека Лавовите се едни од најбавните пешачки патници во хороскопот, иако се способни да истрчаат најбрзо.

Девица

Сталоженоста е фасада за припадниците на овој знак, а така најчесто оди секоја вистинска девица. Притоа изгледаат како да ги одмеруваат чекорите и одат без цел, иако тоа не е така. Девицата ќе брза единствено ако доцни.

Вага

Вагата оди како на модна писта. Сака сите да се вртат по неа, ако не заради друго, барем заради начинот на кој оди. Лесно е да ја препознаете бидејќи и машките и женските припадници на овој знак делуваат како да не брзаат, набљудувајќи ги сите луѓе околу себе и застанувајќи пред секој излог.

Скорпија

Секогаш одат со подигната глава, но не обрнуваат премногу внимание на нивната околина. Не дека не ја доживуваат, туку не сакаат да му придаваат значење на некој кој тоа не го заслужува. Имаат долг чекор и за нив со сигурност може да се каже дека се прваци во брзото одење.

Стрелец

Ако се во добра фаза, ќе потскокнуваат од среќа додека се движат по улица, но доколку ги совладале некои тешки мисли тие нема да го забават темпото туку само ќе ја наведнат главата и ќе си бидат во некој свој свет. Најчесто брзаат бидејќи имаат испланирано уште 10 работи кои мора да ги завршат.

Јарец

Јарецот не престанува да гледа околу себе. Иако припадниците на овој знак на прв поглед делуваат бавно, ако го набљудувате нивниот од ќе се изненадите. Тие одат бидејќи мораат за да стигнат од точката А до точката Б, а ретко се шетаат за да се опуштат. Нивните чекори се прецизни, а најмногу внимание посветуваат на забележување на сите луѓе кои се наоѓаат околу нив.

Водолија

Имаат многу брзи рефлекси, но несмасни се. Така, тие први ќе паднат од скалите, но ќе се сопнат и на рамен пат. Постојано одат, но секогаш со различна брзина, а чекорите им се најчесто кратки.

Риби

Фантазерските Риби обожаваат да одат, тоа е нивниот најдобар начин на опуштање. Сепак, нешто во нивниот чекор ги издвојува од другите. Ако внимателно ги набљудувате, ќе забележите дека нивните стапала секогаш се многу близу. Тие ситни чекори создаваат впечаток на од на сирена, како да им се нозете меѓусебно поврзани.